Кога поранешниот амрикански претседател ќе излегол од Белата куќа за да вечера во ресторанот на неговиот луксузен вашингтонски хотел БЛТ Прајм, вработените знаеле дека прва на памет треба да им биде диеталната Кока -кола.
Магазинот Вашингтонианс обелоденува дека персоналот бил обучен пијачката да му буде доставена на Трамп во седум прецизно разработени чекори, запишани во деловната книга за „Стандардни оперативни процедури.“
И пред почнувањето на пандемијата, прв чекор е келнер дискретно да му понуди мало шишенце Пјурел, средство за дезинфекција на раце пошто Трамп и сам признава дека е гермафоб и има уплав од микроби.
Потоа треба да биде прашан дали ја сака Колата со или без мраз.
Третиот чекор е на исполирана тацна да му се донесат изладено шише и чаша, да одбере што му е драго.
Келнерот го отвора шишето во видокруг на Трамп.
И отворачот и шишето во тој момент треба да бидат држени во „долната третина“.
Откако ќе се сипе во чаша, колата се мести десно од Трамп.
Последниот чекор вели дека горенаведената постапка се повторува сè додека Трамп не го напушти хотелот.
Освен диеталната Кола која била апсолутен фикс во неговата вечера, и јадењето главно било исто: кифлички со путер, коктел со ракчиња и добро печен стек.
За време на неговиот престој во Белата куќа, Трамп секојдневно пиел по 12 диет-коли.