Рециклирањето пластика е чиста измама

Концептот одлично функционира на хартија и теоретски стои на здрави темели, но во пракса колабира на секој чекор, освен во делот каде ти го трошиш своето време за сортирање на отпадот.

Процедурата е:

- Ја одделуваш пластиката од останатиот отпад.

- Ја сортираш пластиката на пластика што може да се рециклира и што не може.

- Таа што може ја замиваш и ја фрлаш во посебна вреќа/канта.

- Така средената пластика завршува во фабрики за рециклирање, каде таа се сецка, дроби и претвора во нова пластика што повторно може да се користи.

Во пракса, ги завршуваш првите три чекори, за четвртиот никогаш да не се оствари, од фундаментални причини како: пластиката не може да се рециклира (во најголем дел од случаите) па како таква завршува на депонии и во реки, езера, мориња, океани, и / или фабриките за рециклирање немаат капацитет ниту пак им се исплати ова рециклирање.

Единствената причина зошто постои рециклирањето пластика е за индустријата да може да продава уште повеќе пластика, а притоа вие да се чувствувате убаво.

 

21 декември 2020 - 13:00