И на Шекспир почна откажување да му тропа на врата

По ново професори по англиски јазик одбиваат да го предаваат Шекспир заради неговата „белечка надмоќ, мизогонија, расизам и класизам“, а и кога се предаваат неговите дела тоа е во име на „токсична мажественост и марксизам“.

Дел од освестените објаснуваат како најголемиот писател во историјата на англиската книжевност, кој пишува во 16-от век, има „проблематични и застарени идеи“, заради што е време тој да биде ставен на страна и да се „отвори простор за модерни, разлнолики и инклузивни гласови“.

Професорките по англиски јазик кои тргнале по овој пат, објаснуваат дека ги прашале своите надлежни дали Шекспир е задолжителен, а откако им било кажано дека не е, тие го укинуваат. За правилноста на својата одлука тие ги консултираат учениците на кои им предаваат, од кои добиле позитивен фидбек дека е подобро без Шекспир.

Професорки пак кои им предаваат на мнозински латино ученици, ги заменуваат „Ромео и Јулија“ со книги како „Куќата на улицата Манго“ од Сандра Сиснерос и „Долгиот пат удолу“ од Џејсон Рејнолдс.

Од друга страна во случаите кога Шекспир е предаван, тој, поточно Хамлет, се користи како начин за дискутирање на механизми за справување и тага по некоја траума, додека Кориолан користи за дискутирање марксистичка теорија.

Уште пред неколку години, претседателката на Комитетот против расизам на Националниот совет на наставници по англиски, Лорена Герман, се изјасни дека Шекспир целосно треба да биде дискрадиран од наставната програма.

„Сакам да понудам што да се чита НАМЕСТО Шекспир.

Верувајте ми, на вашите деца ништо нема им фали и ако не го читаат.

Сè околу самиот факт што тој бил човек од своето време е проблематично во неговите претстави. Не можеме одговорно да го предаваме Шекспир а да не го нарушиме начинот на кој ликовите се карактеризираат и развиваат,“ пишува тогаш Герман.

17 февруари 2021 - 14:58