Доколку заврши на депонија, една домашна новогодишна елка од 2 метра (пресечена, без корени), остава лоши еколошки спомени (тн јаглероден отисок) од 16 килограми јаглерод диоксид. Во таков случај, дрвото се распаѓа и произведува метан кој е 25 пати поштетен гас за околината од CO2.
Доколку се гори, штетата се намалува дури за 80% (околу 3,5 килограми CO2). Причина за ова е што со горењето се ослободува јаглеродниот диоксид кој дрвото во себе го складирало кога растело па сега речиси „се пребиваме“.
Доаѓаме до моментот дека природните дрвја имаат далеку помал јаглероден отисок од вештачките новогодишни елки. Една таква, со иста височина додава дури 40 килограми CO2, повеќе од двојно во оној случај кога природната елка завршува на депонија, и повеќе од 10 пати ако таа изгори. Тоа се должи на нејзиното производство, обично од пластика (ПВЦ слој) која се добива од јаглерод интензивно масло.
За да има еколошка смисла, вештачката елка треба да се користи најмалку 10 години за нејзиното штетно влијание врз околината да биде помало од природната елка, со која, ако ве видат комшии, ќе ве офираат како сељачиште.
Најраат е со природна елка во саксија која после празниците ќе ја засадите некаде, а за еколошкиот инстинкт на нашите стари сведочи и песната „Елко, елко, порасни уште две-три педи....“