Работа

Како сè умираат луѓе на работа

Дневно во САД во просек умираат 13 луѓе од повреди здобиени на работа. Во рок од 8 часа секој од овие случаи мора да биде пријавена до Департманот за труд. Според нив, во изминатите 40 години над 14.000 работници годишно загинуваат на работно место.

Цената на евтиното пилешко

Она што не го пишува на ниту една етикета на пилешко месо се некои клучни информации за условите во кои работат луѓето што помогнале месото да заврши во супермаркет или ресторан. На пример информација од типот дека работниците додека се во погон носат пелени.

Зошто никогаш ништо не завршуваме на работа

Мобилни телефони, меилови, подготовки за состаноци, состаноци, интернет, социјални мрежи, оговарања... Пред модерниот вработен денеска постојат многу пречки за постигнување на саканата продуктивност. Испаѓа, на рударите блазе си им.

Луѓето што уште чекаат плата од Лондон 2012.

Најмалку единаесет луѓе, што стјуарди, што членови на обезбедувањето, и по 4 години од завршувањето на Олимпијадата се уште се заглавени помеѓу "вас никогаш никој не ве вработил" и "ние ги исплативме сите пари за плати".

Отказ на денот

Дубробвчанец работел во канцеларија. Од 8 до 16 часот. Имал преку 900 евра плата. И дал отказ. Зошто? Досадно му било на работа.

Шпанците најдоа еден човек што не оди на работа, а зема плата

БиБиСи ја пренесува веста за Шпанец (комада - еден) вработен во јавно претпријатие кој последниве шест години зема плата без воопшто да се појави на работа.

Капитализмот сега бара од вас да бидете (малку) мрзливи

Ако сакате да бидете навистина посветени на својата работа и на неа да го дадете својот максимум, ќе треба да научите да бидете мрзливи. Така гласи последниот совет за зголемување на продуктивноста на работничката класа во западниот свет.

Никој не се пали на напорно работење

Официјалната верзија на секој работодавец е дека сака луѓе што напорно работат, проблемот е што постапките покажуваат дека сите се заљубени и попрво би избрале природен талент.

"Дебелиот вторник" стигна овој вторник

Се работи за денот во годината до кој најскапо платените директори во Британија ќе заработат исто пари колку што просечниот работник ќе заработи до крај на годината. За 2016-та, овој ден е вторник, 5-ти јануари, вториот работен ден во годината.

Чекајќи го К-15

Секој од речиси 1.400-те вработени во нафтената компанија Хилкорп Енерџи ќе добијат божиќен бонус од 100.000 долари. И не е некој неочекуван напад на филантропија, туку луѓето ги заслужиле парите.

Казната да се биде убав

Мажите е поверојатно да бидат прескокнати за компетитивни позиции кои се базираат на индивидуални квалитети - на пример, позиција во продажба - доколку се перципирани како убави, е утехата од новата студија на Лондонската школа за менаџмент.

Падот на новогодишната забава од работа

Годинава 65% од анкетираните компании изјавиле дека ќе организираат забава за новогодишните празници. Во 2012-та биле 72%, во 1998-ма се дури 83%.

Што треба за да бидеш астронаут на НАСА?

Пред неколку недели објави дека ќе вработува, а на 14-ти декември НАСА ќе почне и да ги прима апликациите за кандидатите за следната класа астронаути. Веројатно најтешкиот предуслов за мнозинството што ова тука го читаат е - да бидеш американски граѓанин.

Роди ме мајко макијавелист и фрли ме на фотеља

Ако е некаква утеха, германска студија покажува дека психопатите ретко кога успеваат во кариера. Тоа што не е утеха е што нарцисите и "целта ги оправдува средствата" типовите, не потпаѓаат под психопати.

Научете дека треба да им плаќате на "креативците"

Кога Стив Џобс бара човек што ќе му го изработи логото за Некст, тој на дизјанерот Пол Рaнд му дава понуда да смисли неколку предлози за лого како аванс пред и официјално да го вработи. Одговорот на Рaнд е: Не.

Лондон, поскапо за 40%

Бројките ги соопштува градоначалникот на Лондон, а ги изработува Ливинг Вејџ фондацијата, и по нив живеењето во престолнината на британската империја во рок од десет години поскапело за над 40%.

Не си глуп, таков е воздухот

Освен ако не се одржува на еколошки чисто ниво, воздухот што го дишеш во канцеларија го намалува капацитетот на твојот мозок за повеќе од половина. И ова е тестирано на луѓе со капацитет.

Како се случи минималецот од 70.000 долари

Пред да одлучи да воведе минимална плата од 70 илјади долари и да го привлече комплетното внимание на бизнис светот, Ден Прајс, сопственикот на Гравити Пејментс, има средба со еден незадоволен вработен.

18 работи што е добро да се научат на која било возраст

Се однесуваат на тоа како да го распоредите времето на работа, а авторот на текстот го прави списокот како работи кои е убаво да се знаат на 20 години. Старосната граница ја укинуваме затоа што се корисни во секое време, кога и да ги научиш, и затоа што имаат одлично алиби за кога не ти е денот на работа, а одамна си ја заокружил 20-та.

Мамурлак по глава на вработен

И покрај главоболките, мачнината, невидената сила за непотребни пораки или вртење броеви во 4 сабајле, мамурлакот останува една од најштетните нуспојави од запивањето, ама не за тебе туку за твојот газда.

Ни требаат ли шефови?

Пролетва компанијата Запос, најголемата онлајн продавница за обувки, по наредба на својот ЦЕО, Тони Хсих, ја укина комплетната организациска хиерархија, што значи нема повеќе шефови, менаџери, ниту какви било други титули. Комплетниот ред и поредок се базира на нивниот устав од 10.000 зборови.

Шведска експериментира со шведски работи

Швеѓаните лично чувствуваат дека малку имаат олабавено со потрагата по алтернатива на работната недела (заради политички померувања во земјата), ама и покрај тоа им успева да покажат дека 6-часовен работен ден е комплетно позитивна и изводлива промена.

Роди ме мајко административец, па фрли ме на буниште

Индиските власти објавија оглас за 368 вработувања на најниските работни места (потрчковци) во државната администрација. Откако заврши рокот за пријавување, имаат 2,3 милиони резимеа за прегледување.

Дебелите стјуардеси летаат - од работа

Индијската државна авио компанија приземји 130 свои стјуардеси само затоа што не одговарале на пропишаните стандарди за тежина.