Заклучокот е дека машките претпоставени кои себе се сметаат за алфа мажјаци во твојот хеџ фонд, кол центар или продажен салон, ќе те игнорираат при можноста за унапредување, затоа што немаат желба да ги стават оние што ги сметаат за поубави од нив на исто ниво како и себе си.
"Површно ова е разбирливо: зошто твојот шеф би си ја отежнал работата околу стажантките за време на божиќната забава од фирма со тоа што ќе ја уништи главната предност што ја има - фактот дека заработува повеќе од згодниот дечко, и дека може да го смени кога и да сака?" пишува Руперт Мајерс во текстот за Гардијан.
Проблемот на Мајерс со статијата е што таа се базира на анализа на фотографии на мажи собрани од куп ЦВ-а, што по него е голем пропуст бидејќи не го зема предвид "подемот на машкото дотерување и тимарење, и се пораширениот сомнеж дека секој што изгледа убаво ова му го должи на часови и часови стоење пред огледалото, а не на гени или вежбање."
Она што тој и признава на студијата е дека таа "дава надеж за хронично не унапредените и несаканите."
"Од сега, па до крајот на времето, можете да се држите до оваа студија како доволен доказ дека секој несреќен инцидент што ќе ти се случи на работа или во друштво е доказ за твојата убавина. Секако, ќе се залажуваш себе си, ама најголемиот дел од луѓето без проблем минуваат со малку само-залажување. Само прашај ги истражувачите од Лондонската школа за менаџмент кои мислат дека со ова парче работа придонеле кон големиот збир материјал на разбирање на луѓето," порачува Мајерс.