Одморот во Гугл е класика, по стаж: во првите три години од работењето во Гугл на вработен му следуваат 15 дена одмор, потоа 20 дена а оние што се таму подолго од 6 години добиваат 25 дневен годишен одмор.
Но, има и една згодна можност: Гуглер може да му донира на колега денови од својот одмор.
Праксата започнала пред неколку години кога на вработен му се разболел родител, ги земал деновите за одмор но испаднало дека не се доволни па бил пред избор дали да земе неплатени денови или да ја прекине грижата за родителот.
Негов колега им понудил на HR службите тој да му позајми денови од својот одмор. Барањето било одобрено а бргу после тоа, решението било вметнато како општа политика на фирмата.
Просто.