Основата за делење на бонусот налик лото премија, е тоа што компанијата го остварила 5-годишниот план кој го поставила во 2010-та. Планот бил: за 2 пати зголемување на производството на нафтените полиња, резервите од гас и нафта, и нето вредноста на компанијата.
Таргетот требало да се исполни до крајот на 2015-та, вработените завршиле работа уште пролетва.
При исполнување на претходната петолетка во 2010-та, компанијата на вработените им даде избор меѓу автомобил од 50.000 долари или 35.000 долари во готово.
Хилкорп три години по ред е дел од топ 100 листата на компании во кои е најдобро да се работи.