Математиката се базира на споредба на примањата на ЦЕО-та со плата над 6,8 милиони евра годишно и просечната британска плата од над 37.700 евра.
Пресметката е на Хај Пеј центарот чиј модел за ЦЕО-а работи по 12 часа дневно, и ретко оди на одмор или зема слободни денови. Вака срочено нивниот примерок заработува по 1720 евра на час. По оваа стапка, на ЦЕО-то му требаат 22 часа за заработување на просечната годишна плата. Ако се земе предвид дека понеделник е првиот работен ден, а работат по 12 часа на ден, некаде во вторник околу 18 часот (ако доаѓа на работа во 8 наутро) тој веќе ги има заработено парите.
И покрај забелешките од Адам Смит институтот дека станува збор за "паб математики, а не сериозна анализа," од Хај Центар објаснуваат дека бројките треба да покажат колку не се ефикасни напорите на владата за ограничување на највисоките плати, и разликата во платата меѓу високите менаџери и работниците.