Работа

Подла машка победа

Изреката "тато носи, мама меси" одамна е сменета. Не затоа што мама веќе не меси туку затоа што таа е онаа која носи. А тато? Го дрви во кладилница.

Гугл признава дека интервјуата им се глупи

Дел од проблемите што од Гугл ги поставуваат за време на интервјуата за работа, се крајно бескорисни во откривање на тоа кој би бил добар вработен.

Најразочарувачката вест што ќе ја прочитате во догледно време

Да бидеш стажант во Гугл значи да се наоѓаш на дното од хиерархијата, да немаш никаква безбедност, во секој момент да може да те отпуштат и да ја добиваш работата што никој друг не ја сака. Ама па за 6.000 долари месечно и ова ќе се издржи некако.

Кошмарот на работењето во Кина

Неделава во пожар во Кина загинаа 119 работници. Бројка која колку и да изгледа страшно нема на ниту еден начин сериозно да го зголеми годишниот број на жртви на работно место во Кина.

Колку помалку букви во името, толку повеќе цифри во платата

Американците пресметале дека секоја дополнителна буква во името, ја намалува годишната плата на човекот за 3.600 долари.

Репортери без хартија

Единствената добра вест за новинарите во весниците е што нивната професија сè уште постои. Лоша е што таа е прогласена за најбезперспективната професија во 2013-та година.

Кинезите на гурбет во Африка

Наместо од внатрешноста на Кина да одат во Пекинг или во некој друг индустриски центар во земјата, сиромашните Кинези се повеќе се решаваат да одат на печалба во Африка.

Нови пози за седење на работа

Паметните телефони и таблетите не само што го променија начинот на кој комуницираме и работиме туку и начинот на кој седиме додека работиме. Производителите на канцелариска опрема бараат начин како да направат опрема за новите работни пози.

Како работењето во канцеларија го уништува вашето тело

Она што секој ден ве нервира во канцеларија, на долг рок ви се собира и само чека да удри. Ова се некои од најчестите канцелариски штеточини за вашето здравје.

Амазон махт фрај

Германските испостави на гигантот Амазон се наоѓаат среде голем скандал затоа што ангажирале Нео Наци служба за обезбедување која држела под страв околу 5.000 сезонски гастарбајтери.

Што му треба на вашето CV за да ве викнат во Гугл или Епл

По основа на своето искуство како вработена во Микрософт, Гугл и Епл, Гејл МекДауел ја пишува книгата The Google Resume, во која дава совети за сите што сакаат да се вработат во ваква компанија. Ова се некои од најважните.

Работен ден од 5 часа

Затоа што времето во животот не ни е правилно распоредено, Данците препорачуваат дека би било паметно да работиме до 80 години, ама само од 8 до 13 часот или од 9 до 14 часот.

Балон против колеги

Без разлика дали колегите се премногу гласни, премногу смрдат или едноставно премногу ги има, има начин како да се спасите без да има потреба од радикални мерки (ќотек или отказ).

Buy day - sell

Или на нашки "купи ден - продај", е основната животна стратегија за огромен број Американци бидејќи не успеваат да тргнат ништо на страна за црни денови. Денес да изгубат работа, 44 проценти од Американците не би издржале следните три месеци.

Вашето резиме нема врска со вашето вработување

Во истражување кое објаснува многу работи околу нашава компанија, се покажа дека работодавците попрво би вработиле кандидат кој е потенцијално друштво за во кафана, отколку кандидат кој ги има сите работни квалификации.

Како најдобро да се претставите на интернет

На страна LinkedIn и она што мислите дека Фејсбук може да послужи како место за вашето резиме, најдовме неколку профи (а бесплатни) сервиси кои ќе ви помогнат одлично да се презентирате пред светот.

Што имаат технолошките компании што им фали на другите

На изборот за Најдобри работни места во 2012-та, технолошките компании земаа 9 од 25-те позиции, вклучувајќи ги и 4 од првите 5.

Да не се седи со празни раце

Компанија од Шангај бара за вработување млади и атрактивни девојки кои ќе работат на тестирање на нивните производи. Компанијата произведува кондоми.

Ај после ќе ставиме наслов

Завршувањето на безгрижното лето потсетува на ужасот на сите обврски кои доаѓаат со есента. Истовремено, и на слатката радост дека сето тоа може некако да се забуши.

Не е крај на светот ако згрешите на работа

Иако сите се свесни дека грешките се неизбежни, сепак најголемиот дел од луѓето го минуваат времето преправајќи дека не згрешиле ништо, бранејќи се или префрлајќи ја вината на другите.

После растење нема каење

Пoстои една единствена работа за која се каат огромниот дел родители: што многу работеле додека децата им биле мали.

8 часа работа и марш дома

Работењето повеќе од 8 часа на ден може да ве убие, или во најдобар случај да ви направи некаква штета на здравјето.

Водич низ колеги

За разлика од дома, во канцеларија не можеш да им заспиеш на тие што не можеш да ги трпиш. Еден дел од типовите на колеги што можат да ти се паднат во која и да си компанија со повеќе од 10 вработени.

Тие заработуваат од Јутјуб

Кучиња, мачиња, пилатес инструкции, што и да е. Илјадници луѓе заработуваат и по 100.000 евра од своите аматерски видео клипови на Јутјуб.