Вработените не сакаат креативни шефови

Без споредба, шефот е факторот кој има најголемо влијание за тоа колку еден вработен ќе остане на работното место. По основа на лоша атмосфера создадена од недоразбирање меѓу шефот и вработениот, американската економија годишно губи 350 милијарди долари.

Компанијата Еволв прави анализа на тоа кои лидерски карактеристики ги подобруваат перформансите на организацијата. Добиваат резултати што се спротивни на сите досегашни учења на темата.

Анализата на Еволв се базира на податоци од 13 држави, во кои биле анализирани 18 индустрии. Главниот мит што го разбива нивната анализа е дека вработените сакаат да работат за креативни шефови.

"Колку повисоко котираат шефовите на тестовите за иновативност и креативност, толку е поверојатно да дадат отказ вработените кои имаат директен контакт со корисниците. Неодамна Идрис Мути во Њујорк Тајмс објаснуваше дека работата на шефовите не е да креираат, 'туку да се осигураат дека репетитивните задачи ќе бидат завршени, притоа подобрувајќи ја економската ефикасност, максимизирајќи го човечкиот труд и продуктивноста на машините. Не е потребна многу креативност, всушност таа може и да биде неефективна,'" пишува Кварц во анализата на резултатите од Еволв.

Втора работа што покажуваат бројките на Еволв е дека иако нивото на искуство и образование е важно за шефовите, тоа никако не влијае на перформансите на обичните вработени.

2 декември 2013 - 11:53