Кога вработените работат повеќе, со казна или со награда?

Проблемот е што масовните отпуштања сериозно добро влијаат на поттикнување на продуктивноста, исто како и бонусот на крајот од месецот.

Во основа студиите околу темава се делат на два пристапи: стратегија на добро чувство и стратегија на лошо чувство.

Шефот што работи според првата стратегија гледа да направи се што може за неговите вработени подобро да се чувствуваат, што последователно ќе ја зголеми продуктивноста: 4-дневна работна недела која значи поконцентрирани работни часови, пократки работни денови во замена за подобар фокус, повеќе денови за одмор заради зголемена креативност, повеќе кратки паузи заради подобро внимание на детали.

На другата страна е науката според кој престрашувањето на вработените исто така е прилично ефективно, ова е шефот што ја користи втората стратегија.

Како најголем аргумент за стратегијата на лошо чувство е финансиската криза од 2008-ма. Во овој период економијата комплетно пропаѓа, а продуктивноста расте.

Ваквата ситуација има две објаснувања: "најслаба алка" и "мотивација." Кога работодавците отпуштаат луѓе тие почнуваат со најмалку продуктивните работници - најслабата алка. Ова ги прави останатите попродуктивни. Но исто така секој ден ти повторно докажуваш дека треба да ја задржиш својата работа, заради што си мотивиран подобро да работиш.

Крајниот резултат е дека во време на рецесија работниците работат понапорно. Заради што има раст на продуктивноста од 85% како резултат на "зголемените напори" на работниците.

Анализирајќи ја состојбата во САД со зголемената продуктивност во времето на економската криза, Атлантик доаѓа до следниот заклучок:

"Луѓето работеле понапорно во сојузните држави каде што наоѓањето работа било потешко, бидејќи тие биле преплашени дека ќе останат невработени. Фасцинантно, економистите откриле дека најмалку продуктивните работници имале најголем скок во измерениот труд - веројатно затоа што тие се чувствувале најзагрозени во области на висока невработеност."

Њујорк Тајмс неодамна правеше слична анализа на темата добро и лошо чувство, односно како мониторирањето на кражбите и продуктивноста во работната околина влијае на продуктивноста:

"Истражувањето го мереше влијанието на софтверот кој ги следи кражбите на ниво на вработени и трансакциите од продажба, пред и откако ја инсталираа технологијата во 392 ресторани во 39 сојузни држави... Заштедите од кражби беа скромни, околу 108 долари неделно по ресторан. Како и да е, по инсталирањето на софтвер за мониторирање приходите по ресторан се зголемиле во просек од околу 2.982 долари неделно, или околу 7%."

Воведувањето на оваа мерка (од групата на лошото чувство) очекувано ги намалила кражбите, но и ги зголемила приходите. Продуктивноста пораснала, секој работел понапорно, намалувајќи го забушавањето или поттикнувајќи ги келнерите да продадат повеќе пијалаци и храна на муштериите.

"Има истражувања кои покажуваат дека речиси се во што уживаат вработените, од слики со мачки до дремење, ги прави нив подобри во нивната работа. Но исто така тука се и истражувања според кои 'најужасните работи' како Големата рецесија или воведувањето на мониторирање не' прави да бидеме поработливи. Веројатно овие заклучоци можат да живеат заедно: да бидеш добро одморен ти дава ментален простор за да бидеш креативен, но заканата од можни последици те прави по вреден на дневна база. Се уште нема апсолутно точна вистина," заклучува Атлантик.

3 септември 2013 - 16:40