Работата завршува во понеделник во 11

Анализа открива во кој дел од неделата сте највредни и најефикасни. Проблемот е што ако го читате ова во понеделник до кај 11 часот наутро, само што го потрошивте најефикасното време во неделата.

Од 10:01 до 11:00 часот во понеделник, е период кој вработените најчесто го користеле за штиклирање на задачите од нивните "to-do" листи. Две третини од анкетираните Британци признале дека ако работите од листата не ги завршат до крајот на понеделник, малку е веројатно дека тие воопшто ќе бидат завршени.

Листите некако посебно ги напнуваат жените, кои чувствуваат стрес секој пат кога нема да успеат да ги завршат работите на списокот. За разлика од нив, мажите имале полежерен пристап, па на мнозинството не им пречи и ако со месеци им се трупа списокот со работи што треба да ги завршат.

Преполнетиот инбокс им одзема најмногу време на вработените, а за две-третини "средувањето на листата со задачи" била приоритет сама по себе. Пополнувањето на работното време и завршените работи во текот на денот се уште една работа која им трошела сериозно време на вработените.

25 ноември 2013 - 09:25