Дневницата за чистење на Амстердам е 10 евра, половина пакетче тутун за виткање и пет лименки пиво (две за добро утро, две за ручек и една по завршување на работата).
Луѓето се поделени во две групи од по 10 лица, и секоја група работи по 3 дена во неделата. Работниот ден почнува во 9 часот, кога работниците пијат по две пива и кафе (ако сакаат). За ручек тие се враќаат во куќарката во близина на паркот, каде што добиваат топол оброк и уште две пива пред да се вратат пак на смена. Денот завршува со последното пиво околу 15:30.
Идејата е на Rainbow Foundation, кои решиле да ги соберат локалните алкоси кои постојано правеле проблеми во еден од парковите на Амстердам и да ги впрегнат на работа, за да ги држат зафатени и да не прават инциденти по град.