Медиуми

Вашингтон пост на апарати

Само пред неколку часа Доналд Трамп објави дека надлежната Американска агенција за храна и лекови ќе дозволи употреба на крвна плазма во третмани на заболени од ковид-19. Според него, ова е историска пресвртница во борбата против болеста. Вашингтон пост веднаш пренесе мислења на научници кои се сомневаат во третманот во кој верува претседателот. Е сега, да видите уште неколку работи од Вашингтон Тајмс на оваа тема.

За прв пат во историјата Њујорк тајмс направи повеќе пари од интернет, отколку од хартија

Дури и Њујорк тајмс се жали дека за време на пандемијата издишал со реклами, ама затоа па растурил со претплатите за дигиталното издание.

Леброн Џејмс со 100 милиони долари влегува во медиуми

Кошаркарот и неговите бизнис партнери успеаа да осигурат инвестиција од 100 милиони долари за нивната медиумска компанија чиј главен таргет ќе биде црнечката публика.

Фејсбук почна да шамара медиуми

Обидот на австралискиот медиумски еснаф да го натера Фејсбук со нив да ги подели парите што ги зема од реклами, заврши со контра-понуда од Фејсбук - ние можеме без вас, вие без нас?

Американското новинарство се самоуништува

Како на САД да не им доволна беља што на пол позиција го имаат опасниот кловн Доналд Трамп, спротивниот табор се чини дека има тотално полудено со диктатурата на политичката коректност: редакциите се полнат со денунцијанти, луѓе губат работа само ако на твитер бидат означени како расисти, а во страв да не им се замерат на антифа-мантифа, медиуми одат со наслови за кои ќе помислите дека се од Тhe Onion. На пример, „Во мирните демонстрации беа повредени 22 полицајци.“

Гардијан растури

Моментално Гардијан има 821.000 читатели кои секој месец му донираат пари на медиумот, и тоа е околу 200.000 повеќе од март минатата година.

Од пандемија ќе куртулиме, од инфодемија не сме сигурни

Деновиве по портали и мрежи веројатно ќе наидете на бомбастична вест дека „Јапонскиот Нобеловец доктор Тасуку Хонјо тврди дека вирусот не е природен туку создаден од човек.“ (со стандардните украси „сензационално“, „шокантно“). Во таа реченица точно е дека Тасуку Хонјо е Нобеловец. 

Франција му нареди на Гугл њуз да им плати на медиумите за нивните содржини

Да, јавно достапна информација се вестите што ги реобјавува и агрегира Гугл Њуз, ама па и таа јавно достапна информација некој се потрудил да ја напише и објави, а секој труд, па макар бил и туѓ, треба да се плати.

Њујорк тајмс: Зошто успехот на Њујорк тајмс може да е штетен за новинарството

Во 2014 акциите на Њујорк тајмс се пред колапс, а компанијата има продадено речиси сè освен мебелот за да може да продолжи да работи. Денес медиумот е речиси недостижен за останатите новински организации во САД и тоа може да заврши лошо, пишува за Њујорк тајмс новиот колумнист на Њујорк тајмс, Бен Смит.

Фантастичната измама сервирана меѓу годинешните Супербол реклами

Микелоб е еден од брендовите на пиво што ги произведува истиот конгломерат кој стои зад Бад пивата. За овој Супербол рекламната кампања на Микелоб е дека од продажбата на пиво ќе донираат пари за транзиција на регуларно земјоделско земјиште во органско. По ова следуваа правилата испишани со ситни букви.

Што корист од „еколошки“ Вог?

За да покаже дека има осет за проблемите што моментално го преокупираат човештвото, италијански Вог го пушти своето најзелено издание до сега, за чие составување се потрошени најмалку можни ресурси.

Упатство: Како медиумите да не му помогнат на Трамп да започне војна

„Лекциите кои требаше да бидат научени од Виетнам се заборавија во брзањето да се нападне Ирак. Денес, кога Трамп прави сè за да отпочне војна со Иран, се чини дека и лекциите од Ирак не се научиле. Ризикувајќи да повторуваме очигледни работи, еве неколку лекции за новинарите“, пишува уредник на Прес Воч.

Хаштагот ја убива веста

Иако денес и шуто и рогато користи хаштаг пошто тоа им се гледа згодно и модерно, експерименти покажуваат дека тој ги одвраќа луѓето да ѝ веруваат на вест која е закована со тараба. Бидејќи од одма знаат на каде оди таквата вест па не ги занима да дознаат детали од конкретната приказна.

Русија има „олигарси“, САД има „бизнисмени“

Во 150 статии на Њујорк тајмс, Си-ен-ен и Фокс, терминот „олигарх“ е резервиран исклучиво за милијардери со словенско потекло.

Како на странска новинарка ѝ се видел прес на Трамп?

Како на редовен консумент на вести, една австралиска новинарка мислела дека ѝ се познати сите ексцентричности и стилски лудории на актуелниот американски претседател. Се нашла во САД и решила да види како изгледа една негова прес-конференција. После тоа, не знаела од каде да почне.

Данок на вести, за поздрави вести

Предлогот за решавање на проблемот со финансирање на медиумите (и очајниот недостаток од истото) од група академици е секој навивачки да донира пари на медиумот што најмногу му се допаѓа. И тоа не сопствени пари, туку државни.

Распуштање на британскиот парламент, еден ден подоцна

Благодарејќи на една прастара опција во британските закони, на барање на премиерот Џонсон британската кралицата Елизабета Втора го распушти парламентот. Луѓе сега имаат проблем што човек избран од нула луѓе (кралицата), отпушти луѓе кои ги имаат сите гласови на британските гласачи (парламентарците).

Би Би Си одамна не е фер

Како јавен сервис, ББЦ има законски и статутарни обврски да биде фер, балансиран и непристрасен. Роберт Еиткен има работено таму 25 години како новинар а откако излезе, ја напиша книгата „Благороден лажливец“. Да, за Би Би Си е книгата и насловот.

Вол стрит журнал има над 20 луѓе што работат на откривање дипфејкс

Екипата е составена за потребите на американските избори 2020, и треба да им помогне на останатите новинари на медиумот да не наседнат на некој потенцијален дипфејк што би се појавил во овој период.

Њујорк Тајмс ги укинува политичките карикатури

Утнаа со една карикатура која беше доживена како анти-семитска па решија комплетно да го укинат овој жанр кој го имаат преку еден век. Ако беше така, после оние извештаи за хемиското оружје на Садам, требаше цел дуќан да го затворат.

Дизни се изгоре со 400 милиони долари вложени во Вајс

Пред неколку години Вајс успеа да направи страшна приказна околу себе - медиум што младите го следат и читаат, нешто што ги привлече сите поголеми медиумски куќи од кои најголеми мускули покажаа Дизни, инвестирајќи 400 милиони долари во Вајс. Сега Дизни се пишман за парите што ги дале.

Зошто Ворен Бафет мисли дека на весниците им нема спас

Еден од најбогатите луѓе на светот и инвестициски пророк, во интервју изјави дека весниците бројат ситно и дека со време треба да се поздравиме со печатениот медиум бидејќи таму нема назад.

Како РТ го сними единственото видео од апсењето на Асанж

Асанж со месеци не беше виден во јавност, од недела на недела односите меѓу него и домаќините се влошуваа, минатата недела Викиликс дури и алармираше дека за „часови или денови“ Асанж ќе биде избркан на улица, и сепак ниту еден британски или светски медиум не успеа да направи снимка од апсењето на Асанж сред Лондон. Освен Руптли на РТ.

Децата на Кашоги секој месец добиваат рушвет за да не галамат

Освен пари, на четирите деца на убиениот новинар им се дадени и куќи од саудиските власти за да се осигура дека тие „ќе продолжат да покажуваат воздржаност во нивните изјави во јавноста“.