Очекувано или не, експлозијата на новозаразени е исклучително вознемирувачка и со околу 100.000 инфекции на ден, Европа е денес одговорна за третина на новите случаи во светот. Сите мерки кои ги преземаа европските држави - и карантини и затворања и маски и онлајн работење и што сè не, не успеаа да го одведат вирусот во дефанзива.
„Многу од обидите за објаснување се преполни со стереотипи и искрено да ви кажам, не верувам дека многу ни донесе таа бескрајна потрага по едноставни одговори во време на короната, освен што ни стана јасно колку чезнееме да се раатисаме од тој вирус“, пишува Кристина Бурка во Дојче веле.
А после сие тие месеци на потрага и константно гледање на бројки и статистики, полека почнува да се јавува еден вид замор од сето тоа. Една голема „вест“ ја преклопува претходната голема „вест“, медиумите деноноќно нè бомбардираат, се јавува за секој можен аспект на вирусот, на големо се шпекулира околу последиците. Не е чудо што луѓето сè повеќе се чувствуваат емоционално исцрпени, особено оние на кои летото не им остави доволно простор поштено да се одморат.
Заради ова, секој одговорен медиум треба да се соочи со прашањето што е корисно да се пренесе а што само ја зголемува и онака огромната бучава околу пандемијата во која и онака не се слуша веќе ништо.
„А и другите егзистенцијални закани за луѓето ширум светот - политичките прогони, газењето на човековите права, нетолеранцијата - не смеат да бидат потиснати од вестите за короната. Тоа само им оди во прилог на оние кои се обидуваат во сенка на оваа пандемија да продолжат со злоутребата на власта и неа да ја прошират“, вели коментаторката.