Од сега Гугл њуз ќе мора да им плати на сите француски агенции и медиуми за да може да ги агрегира и реобјавува делови од нивните статии. Гугл објави дека ќе постапи според пресудата.
„Однесувањето на Гугл предизвика сериозна и директна штета на нашиот новински сектор, додека економската ситуација на медиумите и новинските агенции и онака е фрагилна,“ се вели во одлуката на француската агенција за конкуренција.
Гугл и претходно има слични порази на француско тло. Франс-прес го има добиено Гугл по основа дека агрегаторот на вести ги користел текстовите, насловите и сликите од агенцијата без нивна дозвола. Агенцијата бараше отштета од 17,5 милиони долари, меѓутоа предметот беше вонсудски решен.
Иако се согласија со француската одлука, и ги почитуваат построгите мерки околу авторските права воведени од Германија, Гугл во случајот со Шпанија одреагира многу подрастично. Откако Шпанија донесе одлука дека Гугл треба да им плаќа на медиумите за агрегирање и реобјавување на нивните содржини, ниту еден линк од медиуми од Шпанија не е достапен на Гугл њуз.