Групата академици која работи на проблемот во САД, предлага на секој возрасен Американец државата да му даде 50 долари од неговиот данок, кои тој ќе треба да ги донира во својот омилен медиум.
За ова да успее тие имаат и неколку предуслови, меѓу кои и:
- Квалификувани за помошта се само медиуми кои имаат сериозни вести, нешто што ќе биде утврдено од посебен панел.
- 50-те долари може да се поделат на неколку начини.
- Ниту еден медиум нема да може да добие повеќе од 1% од вкупната сума.
Според авторите, системот со ваучери е поразличен од какви било субвенции бидејќи тој ја трга политиката во одлучувањето и поделбата на парите.
Целиот план тргнува од тоа дека „новинарството е јавно добро кое отсекогаш било недоволно финансирано, и работите во тој правец стануваат само полоши.“ Идејата е дека со ова се опфаќа доволно обемна публика, со што би се избегнало создавање монополи задолжени кон одредени центри на моќ.
Нивната пресметка е дека на овој начин меѓу медиумите (ТВ, печатени и интернет) би се распределувале 13 милијарди долари годишно.