„Се најдовме во загрижувачка фаза на историјата во поглед на слободата на говорот. Тој сега е под присмотра на секакви патроли и полн е со забранети зони. Прилично сталинистички. Ако исчекориш надвор од резерватот и изнесеш поенти кои не се на официјалните плејлисти, Господ нека ти е на помош од толпата која ќе дојде и ќе те каменува“, вели Еиткен во интервју за Спајкд.
Една од неговите чести поенти е дека новинарството може да биде комплетно точно и прецизно а сепак да не биде фер. Тоа се случува кога се прикажуваат личности или настани само во негативно светло а се игнорираат позитивните аспекти, каков што беше случајот со повеќето британски медиуми во однос на брегзит.
Еиткен смета дека популарните етикети како што е исламофобија и хомофобијаа се само оружја во културната војна и дека денес е неможно да се соопшти каква било рационална, промислена и аргументирана критична поента на овие теми а да не се добие соодветна девалвирачка етикета.
Тој се сеќава дека во редакциите на британскиот јавен сервис, да се каже дека си конзервативен имало сличен ефект како да признаеш дека имаш херпес. Би Би Си инсистира во своите тимови да има од гламја црни до албино бели луѓе но Еиткен смета дека се тоа банализирање на инклузијата и диверзитетот. Она што треба да го обезбеди Би Би Си е да послужи како платформа за различни гледишта а не само за различни бои на кожа.
Еиткен неодамна однел тужба против Би Би Си кај регулаторот Офком поради новинарскиот пристап и формат но е скептичен дека ќе биде сериозно разгледана. Сепак, не се кае заради тоа, смета дека бидејќи и тој плаќа радиодифузна такса, има право да се буни и да бара во програмата да бидат застапени различни мислења, а не само на оние од левичарско-либерална провиниенција.