- Десетици илјади ултраортодоксни Евреи вчера блокираа блокови околу конзулатот на Израел во Њујорк, протестирајќи против најавата дека воената обврска ќе биде проширена и за свештените лица.
- Од формирањето на државата Израел во 1948 година рабините и нивните ученици се ослободени од задолжителната воена служба, која во Израел е најмалку 32 месеци.
- Врховниот суд лани ѝ нареди на владата на Израел да регрутира и ултраортодоксни мажи, но одлуката не беше спроведена поради заканите од верските партии дека ќе го напуштат кабинетот на Бенјамин Нетанјаху.
- Демонстрантите порачале дека „Државата Израел и нејзините акции не ги претставуваат Евреите и јудаизмот“ и истакнале пароли како: „Подобро би умреле како Евреи, отколку да живееме како ционистички војници“.
- Се проценува дека Израел може да регрутира околу 80.000 ултраортодоксни Евреи на возраст помеѓу 18 и 24 години. Израелските сили тврдат дека итно им се потребни најмалку 12.000 нови регрути за да ги зајакнат активните и резервните состави.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.