Храна

Од јадење риба упропастивте сè живо во морињата

Како што луѓе почнаа од етички, здравствени и какви се не причини да се префрлаат од нормално месо на рибешко, така се започна и со разорувањето на живиот свет во морињата низ светот. И единствен начин назад е човек да се откаже од јадење риба.

Франција нема да џвака бело

Франција забранува еден од често употребуваните адитиви во исхраната и козметиката. Шифрата му е Е171. 

Сериозен пораз за природната селекција

Холандски производител на путер од кикирики мораше да повлече цела серија од еден свој бренд од супермаркетите во Британија затоа што на теглите немало предупредување дека путерот од кикирики може да предизвика алергија на кикирики.

Веге дискови за вас прекрасни вегани

Во време на изникнување на секакви идентитетски прашања низ светот, европските парламентарци одлучија да воведат ред и јасно да направат разлика што е месо, а што е трева, барем кај суровините за скара.

Пица е поздрав појадок од зашеќерени житарки

Целата логика се базира на тоа дека наутро сирење, салца, вода, сол, зејтин брашно и квасец , се поздрави отколку кутија житарки преполни со шеќер. Ако тие ти се единствените два избора што ги имаш на располагање.

Месото од епрувета падна и на тестот за загадување

Откако прво и основно падна на тестот за месо, решението за глобалниот проблем со загадувањето од стока не успеа да заврши една од главните работи што се очекуваше од него - помалку да загадува од вистинско месо.

Секој жител на ЕУ годишно фрла 173 килограми храна

Речиси една третина од целопкупно произведената храна во светот се фрла, што заради прекумерно купување, дилеми околу рокот на траење или „естетски“ замерки. На таа основа ЕУ фрла 143 милијарди годишно.

Стариот има нов совет

Од грижа на совест што неговиот прв совет комплетно го игнориравме и ич не го применивме во нашите животи, бевме зарекнати дека ако стариот има и друг совет, тој слепо ќе го слушаме, каков и да е. И види чудо, има! Да видиме што ни се падна.

Диета со која ќе ја спасите планетава

Откако со децении килаво проаѓаат сите диети зад кои мотивацијата за слабеење е лична, научниците развиле диета која ветува дека оваа планета ќе може да прехрани 10 милијарди луѓе. Со други зборови, кога ќе сакате да загризете во оној ваш омилен колач, сочно парче месо, пастрмалија или што и да е што вам ви прави лиги, треба да си кажете: „Ама така ќе нема за сите!“. Наука ако не те насмее, кој?

Макарони и сирење, без брзање

Костко, еден од најголемите ланци на супермаркети во САД, почна да продава синдикална доза макарони со сирење чиј рок на траење е 20 години.

Јадете колку сакате, дебелеењето е хакнато

Мора да им е убаво на научниците кога мислат на оние кои слепо им веруваат. Бидејќи кога таквите ќе тргнат да ги тепаат зашто биле прелажани, нема да можат да ги стигнат од што се усвињети.

Што е разликата кај бројот на Мишелин ѕвезди?

Нормално е да нема ресторан со Мишелин ѕвезда во земја на пилешките прсти и похуваните зденки, земја во која храната се рекламира дека е - на кило. Ни со една, ни со две, а не па со три ѕвезди. Не дека ние без нив не можеме (во Македонија има барем 20-тина места во кои боговски се јаде), ама чисто ларпурлатистички да ја разгледаме темата.

Австралија ја снајде секирација

Австралиска компанија со еден свој потег толку ја изнервира тамошната јавност што за темата мораше да се произнесе и австралискиот премиер. Значи вака: кромидот во сендвичот, под или над кoбасицата?

Брат за брат, сирење за долг живот

Бидејќи за многумина се приближува „денот на ајварот“, да ја олабавиме и последната евентуална секирација околу тоа: и сирење, слободно.

Британското мени добива калории

Велика Британија планира да им наложи на сите ресторани, кафани и објекти за брза храна во своите менија да го наведуваат и точниот износ на калории за секој понуден оброк. Наскоро човек нема да знае да си врзе чевли ако нема инструкции кој е пожелниот начин на врзување чевли.

По ново, солта и не била толку лоша

Научна студија рехабилитира еден од трите бели смртни непријатели на човекот (сол, шеќер, бело брашно). Ич сол исто така е штетно по кардиоваскуларниот систем па - според нас - на сила останува старата добра водилка: да посолиш толку колку што треба за да ти е слатко. 

Се враќа оригиналното Тоблероне

Речиси две години по најглупавата реформа на светот, оштрбавеното Тоблероне се враќа во оригиналната форма, со сите триаголничиња на број. Само нешто поскапо. Ако. 

Ако е од бадем не може да е млеко

Производи како млеко од бадем, ориз, соја и сè останато што не доаѓа од млечни жлезди не е и не може да се брендира и продава како млеко. Во наши термини, тоа е исто како да продаваш пастрмајлија, без пастрма. Ерес!

Голоракиот касапски еснаф оставен сам против разузданите вегански банди

Француски касапи во официјален допис до француската влада бараат заштита од милитантните вегани, обвинувајќи ги дека се обидуваат да ја блокираат и да ја лишат Франција од културата на јадење месо.

На маргаринот му е одброено

Светската трговска организација сака во наредните 5 години глобално да ги елиминира транс-мастите од прехранбениот ланец на исхрана. Фала му на маргаринот за сите оние топли кифлички и торти, и не толку фала за сите оние торти со чудно леплив вкус на јазикот.

Франција забрани вегански фори

Или е сланина или е нешто вегетаријанско, и како сакаат нека го решат, ама не може да биде „вегетаријанска сланина“, одлучија француските парламентарци.

Јагоди и спанаќ шампиони по пестициди

Јагодите трета година по ред се на прво место на листата Дванесетмината валкани, во просек со траги од 10 пестициди по примерок. Рекордер меѓу јагодите бил примерок со траги од 22 различни пестициди.

Со плескавиците да не ја повториме грешката како со „растителниот кашкавал“

Производителите на месо веруваат дека е вистински момент да се дефинираат некои обични термини како „месо“ „телешко“ и други, пред оние вештачки лабораториски варијанти да почнат масовно да ги збунуваат луѓето. Ентони Бордејн пак, ваквите „меса“ ги смета за непријатели.

Темната страна на чоколадото

Чоколадото лечи од анемија, ангина, астма, служи како афродизијак.... Ако забележувате, сето тоа само на буквата А. Но, целата вистина за чудотворните својства на какото, не е баш толку слатка.