Бургерот се вика Биг Бен број 10, а број 10 го означува бројот на плескавици кои доаѓаат со него. Освен ова секоја плескавица е засилена со сланина и чедар. Вкупно тежи 1,5 килограми, има 25 парчиња сланина, не кажуваат колку парчиња чедар, и „лопата помфрит“. За доплата од 7 фунти добиваш и дополнување на аксесоарите.
Сопственикот на барот свесен за монструозноста што ја има направено ветува и 500 фунти донација за надгробен споменик доколку некој го положи својот живот на масата.
За сега рекордот во совладување на бургерот го држи „компетитивен јадач“ и е 21 минута и 54 секунди.
Со 12.000 калории, без пијачката и дополнувањата, бургерот ги надминува калориите што треба да ги внесеш во текот на една работна недела.
Ако не сте дента за плескавици сопственикот на локалот тврди дека го служат и најголемото парче бифтек во Британија од 6,2 килограми.