Месото од епрувета буквално е производ на фабричко одгледувано месо. И тука се вклучени животни, само далеку помал број. За да се стигне до крајниот производ, научниците земаат ткиво од животните (често пати стем-клетки), потоа додаваат средство кое ќе го помогне растот на тие клетки (некогаш вклучително и фетален серум од крави, за кој нема потреба да се убие кравата) и некаков вид платформа (како колаген, кој доаѓа од животни) за сето тоа да има каде да расте.
Добиениот резултат најчесто се користи за „неструктурирани“ (кашести) производи како бургери, колбаси и нагетс, односно сè она што не се консумира како парче месо. Иако се проблеми, сето ова најверојатно ќе се реши масовни инекции на пари во индустријата која за сега многу ветува. Она што на крај ќе биде клучно околу прифаќањето на месото од лабораторија ќе се базира на етички избор.
Од една страна, етичкиот аргумент про ваквото месо веќе успешно се проповеда и главно се сведува на тоа дека: при ова се убиваат неколку или воопшто не се убиваат животни, дека овој производ може да биде оптимизиран за здравјето на човекот, дека ја намалува изложеноста на болести, пестициди, бактерии и антибиотици, дека намалувањето на глобалната популација на стока е корисно за планетата и околината.
„Црвеното месо има многу големо влијание на штетните гасови и загадување, па во теорија, одгледувањето месо во лабораторија, не бара толку многу ресурси и создава помалку штетни гасови,“ објаснува Овен Шафер од Националниот Универзитет на Сингапур.
Но, Шафер во продолжување го кажува следното:
„Јас до сега немам видено некоја стварно добра анализа за влијанието што месото од лабораторија го има врз околината.
Тврдењата што доаѓаат од компаниите се уште се спекулативни.“
На страна загадувањето, Шафер кој ја истражува етиката на биотехнологиите, го нафрлува проблемот и со навиките на луѓето:
„Идејата дека твојата храна се одгледува во лабораторија е некако природно одбивна. Меѓутоа луѓето продолжуваат да јадат пилешки нагетси и покрај сите одвратни видеа на темата што ги имаат изгледано, затоа што се евтини и вкусни и достапни.“
Од етичките дилеми околу вака добиеното месо, една пофилозофска доаѓа од Универзитетот од Ливерпул и филозофот Бенџамин Брамбл:
„Иако повеќе нема да одгледуваме и убиваме животни за храна во ужасни услови, ние и понатаму ќе бидеме луѓе кои тоа би продолжиле да го прават доколку месото од лабораторија не беше достапно.
Зошто ова е проблем? Затоа што тоа што сме такви исто така е лошо за нас.“
Крајната оценка на Шафер е дека месото од лабораторија е за луѓе кои денес купуваат стандардно обично месо одгледано на фарми, но не и за вегани и вегетаријанци, ниту пак за луѓе кои пазат дали нивното месо е органско.