Бидејќи целата самобендисаност на луѓето зад месото од епрувета почна да добива на снага, научници од Оксфорд се зафаќаат со дисекција на тврдењата зад производот. Еден од главните аргументи за создавање на вештачкото месо и негово ширење е дека тоа еден ден ќе може да ја замени стоката, која претставува голем извор на стакленички гасови.
Она што заклучуваат белите мантили од Оксфорд е дека претходните студии на куп ги пресметуваат штетните гасови од крупната стока, наместо поединечно да ги земат предвид. На пример, метанот кој го испуштаат говедата има влијание на загадувањето на краток рок, и останува во атмосферата околу една деценија. Додека јаглерод-двооксидот трае и се акумулира со векови.
Ова е проблем за месото од епрувета бидејќи сите штетни гасови што излегуваат при неговото создавање се речиси целосно составени од јаглерод-двооксид.