Свет

Маск сепак бил на линија со Путин по почетокот на војната

Илон Маск известил функционери од Пентагон дека телефонски лично разговарал со рускиот претседател, по почетокот на руската инвазија во време кога неговиот Старлинк сателитски интернет беше масовно распоредуван низ Украина.

На Белата куќа не ѝ е по мерак што Украина му запна на Кримскиот мост

Украина, иако можеби задоцнето но стратешки оправдано, периодов е посветена и своите најголеми успеси ги има во уништување на Кримскиот мост и општо мети на Крим. Разбирливо, ова не е по мерак на Москва, но во исто време не е по мерак ни на Вашингтон.

Сан Франциско прави туристичка атракција од наркоманите бездомници

„Круг на пропаста“ е термин кој се користи за луѓе кои со секој свој потег сè подлабоко и подлабоко пропаѓаат во животот. Во чест на сите нив сега во Сан Франциско е именувана туристичката тура на која Американците на кои подобро им оди во животот ќе може од блиску да ги видат сограѓаните кои се на дното од својот живот.

И Германците губат доверба во државата

Германија автоматски повлекува асоцијации за „ред, рад и дисциплина“ а таа држава другите ја гледаат како симбол на ефикасна држава и бекомпромисно вредни и посветени институции. Сето тоа Германија го има и денес, само што е на најниско ниво досега.

Русија во лов на западните ракети во Украина

Паралелно со успесите и неуспесите на руската ПВО на фронтот, руската војска тера посебна операција за откривање и уништување на залихите на западни ракети што се чуваат во Украина, на што се должат и се подлабоките напади на украинска територија.

Ирска банка несакајќи делеше пари на банкомати

Ирската полиција цела ноќ чуваше банкомати низ земјата откако банкарска грешка им дозволи на комитентите кои немаат пари на својата сметка да повлечат 1.000 евра од банкомат.

Бруталната глупоштина на војната во Авганистан

Пред некој ден навршија две години од денот кога Талибанците дојдоа пред портите на Кабул. Државната војска не пружи никаков отпор, марионетскиот претседател ја здува со свитата и за само неколку часа Талибанците повторно беа на власт. Модерниот Авганистан кој 20 години го полираа Американците, се распадна при првиот допир со реалноста. 

Ако сакате пензии примајте мигранти

Државата не може да исплаќа пензии ако фондот не се полни, а за фондот да се полни треба луѓе. Бидејќи луѓе нема, минусот треба да се пополни со луѓе од надвор или подоцна да се оди во пензија, објаснува британски Телеграф.

Моќната украинска 82-ра бригада влезе во контраофанзивата

Се работи за една од најмоќните и најдобро опремените единици на украинската армија која до сега беше чувана во резерва. Откако очекуваниот пробив не се случи, Украина реши во борба да ги внесе и 2.000 војници на 82-та бригада кои на фронтот за прв пат носат борна кола Страјкер и Членџер 2 тенкови.

Украина ги смени сите началници за регрутирање

Комплетната постава на шефови на регионалните центри за регрутирање во украинската војска се отпуштени од работа откако истрагата потврди дека во земјата за пари може да се избегне служење војска.

Контраофанзива 2024

Не очекувајќи некој драстичен напредок на фронтот западните сојузници на Украина веќе почнаа да ја меркаат пролетта 2024 како период за почеток на нова унапредена и подобрена контраофанзива.

Дали Ф-16 ќе направеше разлика во украинската контраофанзива?

Процената што ја пренесува Њујорк тајмс е дека експертите се сомневаат дека американските воени авиони ќе довеле до некој значително поинаков исход од сегашниот, надополнувајќи дека истите тие веруваат дека Киев може да победи и без нив.

Дупката во санкциите се вика „трошоци за испорака“

Г7 воведе горна граница за цената на руската нафта, која не смее да се купува поскапо од 60 долари за барел, и ова е почитувано од нејзините сојузници, вклучително и оние подалечните како Индија. Меѓутоа ЕУ не воведе горна граница за тоа колку руски танкер може да го наплати транспортот на нафтата.

Трамп едвај ја чека затворската слика

Доколку Трамп биде приведен во Џорџија откако сојузната држава објави обвинение против него со 41 ставка, и биде фотографиран како дел од процедурата, тоа ќе стане најпознатата слика на нашето време, која поранешниот американски претседател неизбежно ќе ја искористи во својата кампања.

Украина ја добива војната, ама нема да биде брзо

Целиот Запад што предвидуваше брза и лесна победа на украинската контраофанзива ем погреши, ем му наштети на Киев со издигнувањето на очекувањата до небо, ама тоа не значи дека на крај Украина нема да биде победникот, анализира британски Тајмс.

Севернокорејците добија мисија од владетелот

Граѓаните на Северна Кореја во претстојниот период имаат света должност да ги заштитат сите портрети од Ким Џонг-ун пред пристигнувањето на бурата Канун, која треба да удри на земјата со тешки дождови и силни ветрови.

Да не ги има некој видено британските тенкови во Украина?

Британија беше главната сила која го влечеше Западот да ја снабди Украина со модерни тенкови, и беше прва која испрати тенкови од нова генерација во Украина за да ги охрабри своите сојузници. Од почетокот на контраофанзивата, нејзините тенкови ги нема никаде да се видат на фронтот.

Глобалниот југ се отцепува од американскиот светски поредок

Слободна трговија, врзана со американскиот долар и пораменета надворешна политика со надворешната политика на САД, беа столбовите на светскиот поредок кој доминира на планетава од крајот од Втората светска војна. Речиси 80 години подоцна, глобалниот југ, новиот назив за земјите во развој, полека почнаа да ги ревидираат овие правила.

За прв пат Британија ќе регрутира лица со аутизам

Британската армија ќе го шири опсегот на лица кои ги исполнуваат критериумите за регрутирање. Едниот правец е кон зголемување на возраста на новите регрути, вториот е прифаќање на повеќе неуроразнобразни луѓе.

Русија ги испразни гробиштата за советски тенкови

Едно од најголемите складишта (ограден отворен простор) на кое со децении дремат советски тенкови и останата воена опрема периодов е речиси половина празен, откако паркираната опрема почна да се префрла на украинскиот фронт.

Америка подбутнала Пакистан да го смени премиерот

Американскиот Стејт департментот на САД уште лани ја с'скала и охрабрувала пакистанската влада да го отфикарат Имран Кан од премиерската функција, покажуваат протечени документи до кои дошол Интерсепт. Како зошто? Поради неговата неутралност околу руската инвазија на Украина.

Западот почна да добива „отрезнувачки“ извештаи од контраофанзивата

Во целото свое јунаштво и успеси во војната против Русија, Украинците ни за момент немаа проблем да признаат и на цел глас да ги алармираат своите сојузници дека контраофанзивата нема да биде ни брза, ни лесна, ниту пак дека треба да се има епски очекувања од истата. Како што ова постепено се остварува, Западот почнува да паничи.

Франција ја изгуби Африка

94 француски сенатори во отворено писмо го известуваат Макрон и јавноста дека француската стратегија во Африка крахирала и дека мора да се наоѓа друго чаре за поврзување на земјата со континентот.

Во 2024 може да има, а може и да нема претседателски избори во Русија

Следната година треба да се одржат претседателски избори во Русија, освен што може да се случи тие да не се одржат ако Кремљ реши дека е повеќе од јасно дека Путин пак ќе биде избран за претседател.