Во писмо што го испраќа до своите соработници за да ги извести дека ќе ја поскапат целата муниција, од компанијата пишуваат дека заради настаните во светот „нашите добавувачи нè известија за до сега незабележана побарувачка за барут и очекуван недостаток на истиот.“
Цената на муницијата константно расте изминативе децении, а последниот позабележлив скок го имаше за време на пандемијата кога целиот ланец на снабдување, на сè и сешто, беше пореметен.
Од компанијата, која на Украина и донираше 1 милион куршуми, не објавија за кои точно конфликти станува збор, иако Украина и Израел се првообвинетите.
Уште пред да пукне во Израел и Газа, една од главните преокупации на НАТО и ЕУ беа како да го зголемат производството на муниција, посебно артилериска, откако увидоа дека далеку заостануваат зад Русија и нејзините сојузници. Само во септември годинава НАТО и партнерите на средба во Париз се согласија за 2,58 милијарди долари договори и нарачки за стотици илјади парчиња најразлична муниција. Првите испораки од овие договори треба да почнат во најскоро време.