Свет

Украина во опасност да го изгуби наративот околу војната

Освојувањето на неполни 250 квадратни километри во речиси два месеца контраофанзива почнало да фрустрира дел од високите американски функционери. Додека во Вашингтон почнува да крчка, тоа што Киев го повторува уште од пролетоска е да не се очекува брз напредок и пораз на добро утврдената руска армија, и тоа без никаква авијација.

За германските десничари, ЕУ е пропаднат проект

Популистите од АфД кои имаат не баш мала поддршка од гласачкото тело што се движи околу 20%, од партиски конгрес порачаа дека ја сметаат Европската Унија како проект кој не успеал да се справи со многу теми, особено големите. Не побараа распуштање на унијата туку нејзино темелно реконфигурирање како федерација која ќе ја почитува сувереноста на државите. 

Патриот, спасителот на Киев

На 16-ти декември, 15 минути го делат Киев од целосна евакуација кога Русија лансира 49 крстосувачки ракети на главниот град. Украина на ова враќа со комбинација од десетици НАСАМС, С300 и Ирис-Т проектили, спасувајќи ја енергетската инфраструктура на градот и со тоа спречувајќи го премрзнувањето на два и пол милиони жители. Овој арсенал Украина подоцна го надолни со Патриот, правејќи ја одбраната на Киев непробојна.

Дали Кремљ ќе го дофати и нигерскиот ураниум?

Пучот во Нигер на прва звучи како само уште еден во непрекинатата серија воени удари во Африка кои веќе се доживуваат како нормална појава за континентот. Разликата со нигерското сценарио е што тоа направи тектонски промени во енергетскиот раат на Западот.

Што ги тера Русите да се борат?

Градови паѓаат, села се освојуваат, офанзивата не оди како што сакаат, но сепак има доволно видлив напредок, тоа што на Украинците не им е јасно е зошто непријателот толку упорно брани небитни точки.

Путин се подготвува за поголема војна, а не за излез од Украина

Кога руската Дума го изгласа новиот Закон за мобилизација, првиот човек на Комитетот за одбрана на Думата, Андреи Картаполов, порача „овие амандмани се напишани за голема војна и за општа мобилизација, а мирисот на оваа голема војна веќе може да се почувствува.“

Бајден бил на спикерфон за време на бизнис разговорите на Хантер

Некои си 20-на пати Хантер го ставил Џо Бајден на спикерфон за време на своите разговори со бизнис партнерите, се тврди во сведочењето пред американскиот Конгрес, според кое американскиот претседател не разговарал ништо околу бизнисот.

Албанци го контролираат кокаинот во Англија

Со спуштање цени и откажување од дел од профитот, албанските банди успеале комплетно да го зацврстат приматот во кокаинскиот бизнис на островот. Британската влада враќа албански затвореници во Албанија но преку каналот продолжува масовно доаѓање на нови мигранти од Албанија кои стануваат драгоцена логистика за бандите.   

ЛМУР, проектилот што ја кочи украинската контраофанзива

Додека Украинците со крајни напори гледаат некако да маневрираат низ лавиринтот копнени пречки на фронтот (од ровови до мински полиња), Русите ги ескалираат проблемите во игра вклучувајќи го „изненадувањето на сезоната“ хеликоптерите Ка-52М и нивните ЛМУР проектили.

Бутка ли британското разузнавање нова војна на Косово?

Чудно е што ЕУ и САД решија да го зауздаат својот косовски вазал, но уште почудно е што Албин Курти е толку пркосен. Да не има тој поддршка од некој друг? Е, не, нема. Грејзон објавува како службите тераат тајни агенди на Балканот, при што локалните НВО-а и медиумите кои се фатиле за нивното оро се брифираат како да го објаснуваат финансирањето на проектите.

Украинските тенкови работат на руска нафта

Документите на украинската царина покажуваат дека Украина увезува се повеќе дизел од Унгарија и Турција, две држави кои во своите рафинерии масовно преработуваат руска нафта, пишува германски Ханделсблат.

Главниот украински јуриш е почнат

Откако изминативе месеци најголемиот дел од најдобро обучените и опремени единици беа држени во позадина, Украина сега почна и нив да ги внесува во борбата започнувајќи го главниот удар на контраофанзивата, тврдат американски функционери за Њујорк тајмс.

Судијка одби да ја потпише спогодбата за Хантер Бајден да не лежи затвор

Она што требаше да биде само процедурално поминување преку договорот што го имаат постигнато американското обвинителство и одбраната на синот на американскиот претседател, се претвори во отфрлање на тоа што е договорено и повторно отворање на преговорите.

Дејвид Груш под заклетва повторно изјави дека САД имале контакт со НЛО

Откако во јуни годинава, терајќи ја комплетната државна процедура за свиркачи, поранешниот американски разузнавач Дејвид Груш објави дека САД со години имаат програма за НЛО и успешно имаат собрано НЛО технологија, сега тој излезе на сослушување пред Конгресот на кое ги повтори истите тврдења.

Секои 100 метри ја чинат Украина 4 до 5 војници

Како што украинската контраофанзива полека добива на сила, така не запира ни константниот прилив на ранети и загинати украински војници. И за сега изгледа како ова да нема крај.

Путин бил парализиран во првите часови од бунтот на Пригожин

Утрото на 24 јуни кога Ростов веќе падна под управа на Пригожин и неговите борци, во Москва Путин бил парализиран и не можел да делува, ги пренесува Вашингтон пост изјавите на украински и останати европски безбедносни функционери. Како поткрепа за тврдењето тие наведуваат дека во најголемиот дел од денот не биле издадени никаква наредби.

Зеленски најави јуриш

Деновиве украинскиот претседател им се обрати на западните лидери убедувајќи ги дека контраофанзивата против Русите кај да е „ќе забрза“ откако главните донатори почнале да се секираат околу бавното темпо на операцијата.

Ќе гледаме ли поморска војна заради жито?

Русија објави дека се повлекува од договорот за жито и дека секој брод што ќе биде начекан во Црното море ќе се смета за непријателски. САД за сега не планираат да придружуваат цивилни бродови низ Црното море, меѓутоа таму има доволно НАТО членките на кои би можела да падне оваа обврска.

Што беше беше, ќе биде и полошо

Топлотниот бран што го зави Медитеранот е на пат да стане полош благодарејќи на уште еден антициклон кој се подготвува во Сахара и кој ќе постави рекордни температури во регионот.

Сан Франциско под клуч

Волгринс, еден од поголемите и поскапи ланци на супермаркети во САД, деновиве ги стави под синџир и катанец сите свои фрижидери за замрзнати производи во маркет во Сан Франциско откако почнаа да достигнуваат и до 20 кражби на ден.

Хорор, геноцид, колеж

Мртви Руси, мртви Украинци, само оставени таму да лежат и не знам зошто, избезумено ја раскажува за Скај њуз ситуацијата на првата линија на фронтот 28-годишниот ирски доброволец Рис Бирн, кој веќе 17 месеци војува во Украина.

Нешто го снема министерот за надворешни работи на Кина

Еден од највисоките функционери во кинеската влада, Чин Ганг, исчезна од јавноста по гласините дека ТВ водителка од Хонгконг му била љубовница.

Русија ќе тргнува на Харков?

Русија подготвува армија од 100.000 војници за напад на северниот дел на украинскиот фронт за да го олесни притисокот на југот каде до сега се случува најголемиот дел од операциите од украинската контраофанзива.

Лондонски Трокадеро станува џамија

Сместен во најстрогиот центар на Лондон меѓу Пикадили и Сохо, Трокадеро по некои си 130 години постоење е на пат да стане џамија со капацитет за 390 луѓе, откако беше купен од тајкунот за недвижности Асиф Азиз.