Моменталната врска меѓу Крим и Русија е преку Кримскиот мост кој редовно е жртва на украински напади од каде и да стигнат. Успешноста на овие напади е причина зошто Русија бара безбедна алтернатива за сигурни транспортни рути.
Пост објавува мејлови од Кинеската железничка градежна корпорација во кои се наведува дека тие се „подготвени да осигураат изградба на пруга и патна структура од каква било комплексност во кримскиот регион.“
Во друг меил, овој пат од Владимир Калужниј, рускиот бизнисмен што го води проектот, се наведува дека корпорацијата е подготвена да делува како генерален изведувач на работите за проектот за изградба на тунел.
Во кинескиот дел од комуникацијата е нагласено дека нивната вклученост во проектот сакаат да остане тајна и дека би учествувале само под „строги гаранции за комплетна доверливост“ и дека за договорот ќе користат име на друга компанија. Кина се уште го нема признаено Крим како дел од Русија и нејзиното вмешување во ваков проект би можел да доведе до проблеми со Западот и евентуално санкции.
Наводно веќе е формиран конзорциум околу проектот и тој ќе биде управуван токму од Калужниј.
Западните експерти кои ги консултира Вашингтон пост објаснуваат дека иако проектот е изводлив, таков потфат не бил никогаш направен за време на војна и тој се очекува да чини милијарди долари.