Свет

ЕУ ја запука Полска со 70 милиони евра

Европската унија ѝ наложи на Полска да плати казна од близу 70 милиони евра заради незатворање на контроверзниот судски дисциплински совет. Ставот на Полска засега е: бркајте работа.

Како женет полицаец буквално го поебал климатското движење во Британија

Таен полицаец бил инфилтриран во движењето за климатски промени и успеал фактички да го уништи. Важел за одличен организатор и бескомпромисен активист кој попат однел во кревет десетина жени активистки.

Глејте си снегот, баталете човекови права

Спортистите што ќе учествуваат на Зимската Олимпијада во Пекинг ќе треба да извагаат што им е полесно: да поќутат дур се во Кина или да најдат кој да ги вади од кинески затвор.

Ни КГБ не е тоа што беше

Поранешниот мајор на руската тајна служба ФСБ со 12-годишен стаж, Александр Чумаков, во декември 2021 дава отказ на позицијата затоа што повеќе не сака да биде Александр туку сака да биде Катерина.

Бајден ги шитна Украинците?

Американскиот претседател ноќеска одржа прес-конференција на која многумина се плашеа/надеваа дека ќе биде објавен почеток на војна со Русија. Наместо тоа Бајден лицитираше колку многу треба да страдаат Украинците за САД да преземе нешто.

Меркел во пензија, навистина во пензија

Поранешната господарка на ЕУ вработена на позицијата Канцелар на Германија ја одбила понудата уште некоја година да поработи ама во Обединетите нации.

Газпром во февруари нема планови за извоз на гас во Европа преку Јамал

Во понеделникот Газпром објави дека за следниот месец воопшто нема резервирано капацитет од гасоводот Јамал за испорака на природен гас кон Унијата. Ова е гасоводот преку кој вообичаено се испорачува најголемиот дел од рускиот гас во Европа.

44 милиони луѓе го тужат Фејсбук (Мета)

Сумата што ја бараат е 2,3 милијарди фунти, пари кои според нив треба да компензираат за тоа што Фејсбук заработувал од користење на нивните податоци по приклучување кон социјалната мрежа.

Европа полна „жолти комбиња“

Последниве години се одвивало масовно прислушување на Европјани. Неовластено се собирале и чувале лични податоци од полициски извештаи, мобилни комуникации и досиеја на лица кои бараат азил. Се работи за огромна количина податоци, еквивалентна на четири петабајти или три милиони ЦД-ромови.

Кралицата Елизабета му ги скина речиси сите титули на принцот Ендру

Воените титули и кралските овластувања што беа поврзани со принцот Ендру се отповикани од британската кралица откако во САД беше прифатена тужбата против него за сексуален напад, поврзана со времето кога се дружеше со Епстин и неговите малолетнички.

Мохамед, колку бриселски тоа звучи

Мохамед е најчестото име што им било давано на новороденчињата во Брисел (регионот) во 2021. На општо изненадување меѓу топ 4-те имиња има и едно традиционално белгиско - Жан.

Бајден ќе пушти уште 308 милиони долари помош за Авганистан

Парите некако ќе треба да завршат за авганистанскиот народ но не и за Талибанците кои 20 години убиваа американски војници и се бореа против САД, за на крај да и го залепат еден од најпонизувачките порази на американската држава.

Јазолот на ЕУ: И гас од Русија, и душа во рај

Големите членки на ЕУ кои отворено се за санкционирање на Русија би сакале санкциите против Русија да не бидат нешто посебно тешки, затоа што природен гас не се произведува од анкети на јавно мислење и ПиАр соопштенија.

Туркменистан ќе ја затвора „Вратата кон пеколот“

Претседателот Бердимукамедов им нареди на експертите на Туркменистан како знаат да го изгасат 5-деценискиот пожар сред пустина кој започнува во 1971 кога советски геолози почнуваат да бушат во потрага по природен гас.

Талибански сенс за реципроцитет

Кога се договорало повлекување од Авганистан а Американците најавиле дека можеби ќе остават 2.000 војници да ја чуваат нивната тамошна амбасада, талибанците немале ништо против, доколку и тие испратат 2.000 бомбаши самоубијци во нивната амбасада во Вашингтон.

Казахстан гори заради цената на природниот гас

Во Казахстан се случи вртоглаво покачување на цената на природниот гас, што пак беше причина за народ масовно да излезе на улица, што беше причина за да биде прогласена вонредна состојба, што на крај заврши со комплетна оставка на владата на Казахстан.

Талибанците почнаа да обезглавуваат кукли од излог

Манекените од авганистанските излози остануваат без својата глава затоа што некој меѓу Талибанците многу се потрудил нив да ги протолкува како статуи, а кај Талибанци не смее да има статуи.

Како изгледаше амстердамското новогодишно опуштено

Во една од најнестабилните, упропастени и севкупно економски разрушени држави на Европа, Холандија, граѓаните решија да ја „жртвуваат“ Новата година во име на борба за своите права. За разлика од нив жителите на просперитетниот југ на Европа, Македонија, одлучија дека колективно заслужија да здивнат од цела година државотворност и економски напредоци. Или обратно требаше?

Илон Маск за малку да ја демолира Кинеската вселенска станица

И онака напнатите односи меѓу Кина и САД дополнително станаа проблематични откако сателити на Илон Маск за малку не ја закачија Кинеската вселенска станица.

Харви Вајнстин може да биде и ослободен

Иако веќе служи 23 години казна затвор за силување и сексуален напад, а до условно има уште години робија, можно е да се случи Апелација да ја собори затворската казна и целосно да го ослободи некогаш најголемиот продуцент во Холивуд.

Метаверс за плебсот, Хаваи за Закерберг

Додека за седумте милијарди луѓе на планетава гради дигитален свет во кој ќе можат непрестајно да уживаат без да мрднат од пред компјутер, Закерберг реши да не им го троши Метаверсот на другите и за себе во многу реалниот живот докупи уште 44 хектари (445 илјади метри квадратни) од хавајскиот остров Кауаи.

100 милијарди долари украдени од ковид фондовите во САД

Во случај кој е стигнат да го работи американска Тајна служба криминалци се обвинети дека украле 100 милијарди долари од помошта за ковид поделена од владата на САД.

Сопругата на Макрон на судови ќе се докажува дека не е машко

3-годишна истрага на францускиот Факти и документи (Faits et Documents) заклучува дека 68-годишната сопруга на Емануел Макрон, Брижит, е родена како машко. Од пред некој ден работата дојде до судови.

Ербас измисли едро

Официјално изумот го водат како змеј кој ќе биде врзан на прекуокеанските товарни бродови и ќе ги влече по океаните како би се намалило глобалното загадување од нив.