Од оваа позиција Киев треба да преговара сo Москва околу својот „суверенитет и територијален интегритет“, а според Билд овој план го координираат Белата куќа и кабинетот на Шолц. Спонзорите на Украина сакаат во овие преговори Зеленски да го реши и идниот статус на териториите окупирани од Русија.
„Зеленски треба да разбере дека работите не можат вака да продолжат. Без надворешен притисок. Тој треба да и каже на нацијата за ова и да објасни дека преговори мора да има,“ изјавуваат извори од германската влада за Билд.
Како клучен дел од планот е намерата на САД и Германија да го снабдат Киев со оружја и количина која е доволна за украинската армија да може да го одбрани сегашниот фронт, но не и да ги врати изгубените територии.
Воените експерти како Густав Гресел од Европскиот совет за надворешни работи, го критикуваат планот како заблуда на Западот, затоа што не е доволно само да го притиснеш Зеленски за да има преговори, бидејќи сега и Путин не сака да преговара, „тој сега сака да ја добие војната“.
„Со тоа што ќе ја ослабнеме Украина, го мотивираме Путин да продолжи да верува во својата победа и да работи на неа. Само ако Украина победува Русија ќе има волја за преговарање. Но Украина не го прави тоа, а одложените, непостоечки и далеку премалку пратки на оружје се дел од проблемот,“ порачал Гресел.
Доколку ова не им успее, алтернативата на Вашингтон и Берлин е замрзнат конфликт без договор, со кој би се создала некаква квази граница меѓу Украина и Русија, односно „нешто како Минск, само без Минск.“
Наводно за овој план не притискал министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус, кој е за испорака на Таурус ракети на Украина, туку тој доаѓал лично од кабинетот на канцеларот. Процената на германските експерти е дека кабинетот на Шулц не верува ниту ја посакува победата на Украина.
„Пакетот оружје што Писториус го испрати во Украина не е одраз на целта 'Украина мора да победи', туку симболизира дека поддршката е толку мала што Украина е притисната да оди на преговори, на Минск 3,“ пишува Билд.