Буданова била хоспитализирана заради труење со тешки метали откако веќе некое време нејзиното здравје константно се влошувало.
30-годишната Буданова, која работеше како помошник на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, била спасена од докторите и сега закрепнува.
„Терапијата сега е при крај, и потоа ќе има уште една контрола од докторите.
Овие супстанци не се користат во секојдневен живот и ниту за воени потреби. Нивното присуство покажува дека се работи за намерен обид да се затруе конкретен човек,“ пренесуваат украинските медиуми изјави на своите извори од ГУР.
Буданов и претходно изјави дека Русија во неколку наврати се обидела да изврши атентат врз него. Се проценува дека Буданов, заедно со Залужниј и Зеленски се веројатно главните три мети на Русите.