Се работи за калифорнискиот ЦЕФ (Climate Emergency Fund) кој минатата година има пријавено донации од 6,1 милион долари, скок од 165% во споредба со 2,3 милиони долари собрани во 2021.
Запрашани од Фокс њуз околу нивната активност, од ЦЕФ порачуваат:
„Фондот е горд што може да ги поддржи некои од најсмелите, најхрабрите климатски активисти на светот кои не само што се борат туку и победуваат.
Низ историјата, организирани, пасионирани и посветени луѓе успевале да ја разбудат јавната свест во однос на неправдите и да постигнат промена која некогаш се сметала за невозможна.
Затоа ЦЕФ подржува активистички организации кои се дел од ненасилни протести и граѓанска непослушност низ целиот свет.“
Во даночните документи фондот наведува дека активистичките организации што ги поддржал минатата година „вовеле нов живот и енергија“ во климатското движење. Тие дополнително пишуваат и дека лицата што ги добиле парите успеале да обучат над 15.000 луѓе, нивните протести вклучувале 47.000 луѓе а глобалните медиуми за протестите пишувале 25.000 пати.
Најголемиот дел од парите на ЦЕФ, околу 4 милиони долари, се испратени вон САД главно на британски климатски активисти. Најголем дел од нив ги добива Just Stop Oil, британската активистичка група која константно го нарушува сообраќајот низ земјата и јавниот ред и мир. Пример, тоа се луѓето кои истурија конзерва со кечап на сликата на Ван Гог во лондонската Национална галерија. Стотици илјади долари од ЦЕФ имаат добиено и групи во Франција, Канада и Италија.
Меѓу славните донатори на ЦЕФ се актерите Џереми Стронг, Челси Хендлер и Томас Мидлдич, режисерот Адам Меккеј, наследничката на Волт Дизни, Абигејл Дизни, како и непрофитната организација на Хилари Клинтон и комитетот за поддршка на Александрија Окасио Кортез.