Она што првично беше прв соборен Ф-16 од руската противвоздушна одбрана, излезе дека попрво е еден од првите Ф-16 соборени од американскиот ПВО систем Патриот, управуван од украински војници.
Доколку основачот на Фејсбук направи „што било нелегално“ да влијае на претстојните претседателски избори, како што тоа го направил во 2020, ќе заврши во затвор, е заканата што Трамп ја напиша во својата нова книга.
Украина ги засили своите барања за дозвола да користи западно оружје против цели во длабочината на руската територија. Во пресрет на состанокот со неговите колеги од ЕУ, шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, рече дека долгорочната безбедноста на Европа зависи од краткороточни а храбри потези на Украина.
Лицата кои се обвинети за насилство или претставуваат терористичка закана во иднина би можеле да добијат пари, не казна, од германската држава за да се вратат таму од каде што дошле, Авганистан.
Првиот човек на Фејсбук во писмо до американските власти порачал дека посакува да бил многу поотворен околу администрацијата на Бајден и нејзините притисоци да се цензурираат содржини за време на пандемијата.
НАСА ќе бара помош од Спејсикс за спасување на двајцата нејзини астронаути кои од јуни се заглавени во Меѓународната вселенска станица откако нивното Боинг летало наиде на неколку проблеми сред лет.
Денес, утре, денес, утре, Талибанците по цели три години од протерувањето на Американците во Авганистан, дури сега стигнаа да објават дека се враќаат старите правила во земјата. Нормално правилата главно се за жени.
Силната обединетост околу Камала што демократите ја покажаа на конвенцијата успеа да ја сокрие тивката битка и тензиите со кои се бори партијата околу прашања како имиграција и Израел, пишува Аксиос.
Вечниот белоруски владетел, Александар Лукашенко, при цела свест и совест порача дека Украина ќе биде многу среќна ако Русија употреби таткички нуклеарни оружја како одговор на окупацијата на Курск.
Откако објави дека се кандидира за претседател на САД, кампањата на Камала Харис успеала да собере 500 милиони долари во донации, сума што е без преседан во досегашната историја на САД.
Без никакви претходни најави или препирки, Монголија, која е клучна за новиот гасовод од Русија кон Кина, одлучи да го исклучи проектот од долгогодишниот план за работа, што може да значи запирање на целиот проект.
Изненадниот упад на Украина во Русија успеа да освои уште понеочекувани над 1.400 километри квадратни руска територија, и Американците стравуваат дека тоа е сериозен проблем.
Ни едната, ни другата страна во војната немаат доволно луѓе, опрема и муниција за да започнат некаква поголема офанзива против другиот, е последната проценка на аналитичарите на Пентагон.
И повеќе шверц со бело робје и повеќе грабежи и повеќе насилство покажуваат последните официјални германски статистики според кои криминалот во земјата општо е највисоко ниво од 2012.
Кога Северен тек беше уништен во септември 2023, најблискиот советник на Зеленски, Микаило Подолјак тоа го прогласи за терористички напад испланиран од Русија и акт на агресија кон ЕУ, со цел да ја дестабилизира економската ситуација во Европа и да предизвика паника пред зимата.
САД ја блокираат Украина во користењето на британските проектили со долг домет на руска територија, иако Британија пред некое време објави дека е подготвена да се согласи за истото.
Најсилната европска економија оваа година одвои осум милијарди евра за Украина. Во буџетот за наредната година планира оваа ставка да биде преполовена на четири милијарди евра. Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер, објасни дека неговата земја претпочита идното финансирање на Украина да доаѓа од замрзнатите руски средства а не од федералниот буџет на Германија.
Воено Израел во Газа постигна сè што можеше, а продолжувањето со бомбардирање само ја зголемува опасноста за Палестинците без речиси никакви можности за дополнително слабеење на Хамас, ја пренесува Њујорк тајмс изјавата на висок американски функционер.
Откако Џо Бајден се откажа од претседателската трка на 21 јули, Камала Харис потрошила 57 милиони долари само на реклами на Гугл и Мета, споредено со околу 5,6 милиони потрошени од Трамп.
Дизни се обидува да се извади од тужба за смртта на една докторка која умира во нивен ресторан заради алергиска реакција, посегајќи по бескрупулозно апсурдни аргументи, имено, сопругот бил претплатник на Дизни+ стриминг сервисот.
Иако Харис имаше еден крајно симплифициран став за руската инвазија, далеку поголем проблем за Украина е што таа и Зеленски имаат прилично напнати односи, пишува британски Телеграф.
Се поголемиот недостаток на војници за војната во Украина ја натера Русија да ги зголеми бонусите за нови регрути, како не би објавила нова мобилизација. За сега има малку знаци дека тоа им успева, пишува Блумберг.