Украина почна да разговара со тимот на Трамп за завршување на војната со Русија

Дел од највисоките украински функционери преговараат со колегите од идната американска администрација во надеж дека ќе ги намалат разликите што ги имаат со Трамп за тоа колку Украина треба да попушти во идните преговори.

Дел од идните функционери со кои разговараат Украинците ги поддржале одлуките на Бајден да испрати дополнително оружје на Украина, објаснувајќи дека тоа ќе му даде подобра позиција на Трамп во преговорите со Москва.

Трамп во оваа фаза отфрла какво било разговарање на украинско членство во НАТО, нешто што пак Зеленски го смета за клучен фактор за безбедноста на земјата. Украинскиот претседател пред некое време порача дека земјата ќе се согласи на примирје, доколку и биде дозволено да влезе во НАТО.

Министерот за надворешни работи на Украина неодамна порача дека Киев ќе ги отфрли сите безбедносни гаранции освен членство на НАТО.

Наспроти нив, советниците на Трамп зборуваат за мировен план кој ќе ја признае руската власт над 20% од украинската територија, и, за сега, ќе го блокира обидот на Киев за влез во НАТО.

Претходно рускиот претседател исклучи какво било учество во мировни преговори освен ако Украина не прифати цел список на руски барања.

5 декември 2024 - 12:19