На полската граница со руската енклава Калининград веќе осамна бедем од бетонски змејски заби, што е само дел од одбранбениот систем долг 800 километри во кој Полска ќе инвестира најмалку 2,35 милијарди долари.
Со вакви потези полската влада сака да ги охрабри другите Европејци да ја зајакнат својата одбрана пред потенцијалната на руска закана.
Прв чекор им е изградба на Источниот штит иако веќе подолго време пишувавме за нивните рекордни издвојувања за војска и вооружување (види: Полска станува голема воена сила).
Оваа година Полска ќе потроши 4,12% од својот БДП за одбрана, што е двојно повеќе од насоките на НАТО од 2%. Има дадено околу 37 милијарди долари за одбрана. Лани потроши исто така импресивни 3,92% од БДП за одбрана. Полскиот буџет за 2025 година ќе вклучи уште еден рекорден трошок - 43,6 милијарди евра, најави премиерот Доналд Туск.
На потегот од 800 километри, освен змејски заби, ќе има системи за извидување и откривање закани, фронтални бази, логистички центри, магацини и системи за заштита од дронови.