Германија почна германски да размислува

Средно училиште од Нирнберг со константни проблеми со доцнење на учениците одлучи проблемот да го реши со пари. Не со давање пари, туку со земање.

Дирер гимназијата од Нирнберг воведе глоба од пет евра за учениците кои редовно доцнат на часови.

Новата тарифа е воведена од оваа учебна година, првично на незадоволство на учениците, меѓутоа неколку месеци подоцна, други и претставниците на учениците признаваат дека бројот на деца што доцнат значително се намалил.

Од гимназијата објаснуваат дека за еден ученик да биде казнет ќе треба да се минат неколку чекори кои вклучуваат разговарање со родителите, наставниците, училишните психолози и други надлежни.

Но она што до сега го заклучиле од училиштето, e дека на толку многу разговарање, она што навистина им пречи на учениците и ги тера да се сменат е казната од 5 евра.

Бидејќи целата документација за редовноста на учениците ја имаат и во дигитална форма, таа ќе им биде достапна и на родителите. Друга корист од дигиталната платформа е што ќе им помогне на наставниците со време да забележат дека кај некого се создава навика за доцнење, бидејќи до сега обично премногу доцна се забележувало истото.

Гимназијата во 2023 имала вкупно 1.500 отсуства (задоцнувања или цели денови). Ова е речиси дупло од пред короната, кога се регистрирани околу 800.

Самите ученици имаат прилично германски став кон казната, објаснувајќи дека таа главно се однесува само на мал број ученици, кои до сега со своето доцно влегување во училница само им ги попречувале часовите на сите други.

4 декември 2024 - 10:50