Нигер си ги врати рудниците на ураниум од Французите

Воената хунта во Нигер која на власт дојде минатата недела, вети дека ќе ги ревидира и поништи сите договори кои претходните власти галантно ги имаат склучено со странски фирми за експлоатација на екстремно богатите рудни наоѓалишта во земјата. Први тоа го почувствуваа Французите кои менаџираа рудници со преку 200.000 тони ураниум.

Француската нуклеарна групација Орано соопшти дека врз рудниците на ураниум кој тие го експлоатираа, оперативната контрола ја имаат преземено воените власти во Нигер.

Орано има 64,3 отсто од акциите во локалната рударска компанија Сомаир, додека уделот на нигериската држава изнесува 36,6 отсто. Властите, кои со воен удар во јули 2023 година ја преземаа контролата врз државата, пред некој месец им ја суспендирале лиценцата и на Французите им било сè потешко да ги работат наоѓалиштата во оваа западноафриканска земја.

Нигер ги има едни од најбогатите депозити на ураниум. Седми се во светот и стојат зад 4,7% од вкупната глобална продукција на овој тежок метал. Рудниците кои ги оперираа Французите, според проценките, имаат преку 200.000 тони ураниум. 

Од доаѓањето на воената хунта, властите најавија дека ќе ги ревидираат сите договори со странците за експлоатација на нивните рудни богатства и планираат да формираат национални рударски компании за и локалното население да види некој аир од ураниумскиот профит.

6 декември 2024 - 11:15