Откако во јуни годинава, терајќи ја комплетната државна процедура за свиркачи, поранешниот американски разузнавач Дејвид Груш објави дека САД со години имаат програма за НЛО и успешно имаат собрано НЛО технологија, сега тој излезе на сослушување пред Конгресот на кое ги повтори истите тврдења.
Како што украинската контраофанзива полека добива на сила, така не запира ни константниот прилив на ранети и загинати украински војници. И за сега изгледа како ова да нема крај.
Утрото на 24 јуни кога Ростов веќе падна под управа на Пригожин и неговите борци, во Москва Путин бил парализиран и не можел да делува, ги пренесува Вашингтон пост изјавите на украински и останати европски безбедносни функционери. Како поткрепа за тврдењето тие наведуваат дека во најголемиот дел од денот не биле издадени никаква наредби.
Деновиве украинскиот претседател им се обрати на западните лидери убедувајќи ги дека контраофанзивата против Русите кај да е „ќе забрза“ откако главните донатори почнале да се секираат околу бавното темпо на операцијата.
Русија објави дека се повлекува од договорот за жито и дека секој брод што ќе биде начекан во Црното море ќе се смета за непријателски. САД за сега не планираат да придружуваат цивилни бродови низ Црното море, меѓутоа таму има доволно НАТО членките на кои би можела да падне оваа обврска.
Топлотниот бран што го зави Медитеранот е на пат да стане полош благодарејќи на уште еден антициклон кој се подготвува во Сахара и кој ќе постави рекордни температури во регионот.
Волгринс, еден од поголемите и поскапи ланци на супермаркети во САД, деновиве ги стави под синџир и катанец сите свои фрижидери за замрзнати производи во маркет во Сан Франциско откако почнаа да достигнуваат и до 20 кражби на ден.
Мртви Руси, мртви Украинци, само оставени таму да лежат и не знам зошто, избезумено ја раскажува за Скај њуз ситуацијата на првата линија на фронтот 28-годишниот ирски доброволец Рис Бирн, кој веќе 17 месеци војува во Украина.
Русија подготвува армија од 100.000 војници за напад на северниот дел на украинскиот фронт за да го олесни притисокот на југот каде до сега се случува најголемиот дел од операциите од украинската контраофанзива.
Сместен во најстрогиот центар на Лондон меѓу Пикадили и Сохо, Трокадеро по некои си 130 години постоење е на пат да стане џамија со капацитет за 390 луѓе, откако беше купен од тајкунот за недвижности Асиф Азиз.
Седум од 10 анкетирани Французи се согласни да им се одземе француското државјанство на сите оние со двојно државјанство што учествуваа во немирите во земјата по убиството на алжирскиот тинејџер.
Официјално заради скриени санкции на рускиот извоз на храна и ѓубриво, Русија вчера се повлече од договорот за жито, со кој се гарантираше испорака на милиони тони жито и маслодајни семки (соја, сончоглед...) неопходни за прехранување на добар дел од планетава.
Во првите две недели од контраофанзивата Украина изгуби речиси 20% од своето оружје и оклопни единици, а за возврат доби малку територија. Загубите паднаа како што јуришот беше малку забавен а командантите почнаа да ја менуваат тактиката.
По слетувањето во Пекинг американската министерка за финансии, Џанет Јелен, прво застанала во ресторан каде меѓу другото изела неколку порции диви печурки, за кои подоцна се дознава дека локално се познати дека имаат „непредвидливи психоделични ефекти“.
Поранешниот премиер на Британија не може да ги предаде разговорите од Вотсап на официјалната истрага за коронавирус во Британија, затоа што човекот го заборавил пинот на телефонот.
За САД станува се потешко да ја санкционира иранската индустрија за дронови, бидејќи Техеран почнал да се потпира се повеќе на домашни компании за изработка на леталата што и ги испраќа на Русија.
Разликата во капацитетите на двете држави не е нешто со што се фали Кина, туку нешто на што алармира една презентација на американската Канцеларија за морнаричко разузнавање, чија автентичност е потврдена и од американската морнарица.
Поплаката на украинскиот лидер за тоа што земјата не доби никаков конкретен датум за приклучување кон Алијансата му даде шанса на Западот да го направи тоа што најдобро го прави - да биде навреден.
100 милијарди рубљи или околу 1,1 милијарда долари, биле повлечени од руските банки во периодот пред и по 20-те часа марш на Вагнер кон Москва, објави руската централна банка.
Американската влада го објави извештајот за несреќното повлекување на САД од Авганистан, во петокот пред продолжениот викенд за 4-ти јули, со крајно либерално користење на правото за цензурирање.
Истиот оној Џо што во јавност постојано шепка и гушка луѓе (без разлика дали тоа им е по волја или не) приватно да ти бил ифрит и избувлив до таа мера што соработниците гледаат да избегнат да имаат состанок со него на само.
Европската Унија треба да го отвори патот за приемот на Анкара во блокот, пред турскиот парламент да го одобри приклучувањето на Шведска во НАТО Алијансата. Турција ги почна преговорите за влез во ЕУ во 2005, a прв пат аплицираше за членство во 1987.
Ако на почетокот од војната употребата на касетни бомби од руската страна беше прогласено за „воено злосторство“, сега американската пратка на касетни бомби за Украина од истите луѓе се води како неопходна помош.