Свет

Израел беше подготвен за друга војна

Три години Израел ја гради 65 километри долгата најмодерна, високо-технолошка бариера околу Газа, со сензори создадени за откривање на упадите од Палестинците решени да извршат тајни напади врз Израел. Во саботата Хамас со булдожери и останати најрудиментирани средства ја проби 6-метарската ограда и започна со фронтален напад кој е најголемо пробивање на границата од Јом Кипур војната од 1973.

САД ќе ја врзува помошта за Украина со помош за Израел?

Стратегијата е случувањата во Израел да се искористат за да се извадат пари за Украина и покрај противењето на републиканците на финансирањето на украинската војна.

Како Хамас со евтини ракети и дронови ја сруши израелската тврдина

Тоа што треба да се знае за ракетите на Хамас (Касам ракети) е дека се направено од индустриски цевки во приправени работилници и користат гориво кое е мешавина од шеќер и калиум-нитрат ѓубриво. Наспроти нив е едно од највисоките технолошки и одбранбени достигнувања - израелската Железна купола и одбранбениот ѕид кренат кон Газа.

Мухамед Деиф, човекот зад нападот на Израел

Човекот кој со децении се бори против израелската држава сега како командант на военото крило на Хамас (ал Касам бригадите) ја издигна својата борба на досега незамисливо ниво.

Ако некој знаел за нападот, тоа е Иранската револуционерна гарда

Во првите часови по ненадејната офанзива на Хамас против Израел излезе дека тоа што не го знаеше комплетната западна разузнавачка фела целосно и било познато и одобрено од Иранската револуционерна гарда.

Бајден ќе го гради ѕидот на Трамп

Ѕидот на јужната граница беше една од темите на која либералите најмногу го заебаваа Трамп. Неговиот план со ѕид да се брани од нелегалната миграција беше напаѓан како налудничав, назаден и анти-цивилизациски. Џозеф Бајден сега вели дека нема друга опција освен да продолжи градбата. Во меѓувреме, границата на ден им ја минуваат и преку 10.000 илегалци.

Фирмата на Пригожин ќе остане без тендерот за хранење на руската војска

Пред да го има Вагнер, Пригожин имаше компанија која беше задолжена за кетеринг на целата руска војска. Деновиве тој договор ќе биде предвремено згаснат.

Швајцарија ќе плати за украинските бегалци да почнат да се пакуваат

Предложената стратегија на швајцарската влада предвидува временска рамка во која украинските бегалци треба да си заминат од земјата, и како што стојат работите тоа е максимум девет месеца од сега.

Како Шведска стана европско Мексико?

Некогашниот скандинавски рај останува уникатен, ама сега по лошо. „Шведска нема видено вакво нешто, Европа нема видено вакво нешто!“, предупреди нивниот премиер. Му се веруваше некому до пшреде некоја година дека една Шведска ќе размислува да бара помош од војската за да се справи со бандите? 

Како американската опрема стига до Украина

Најголем дел од тие 43,7 милијарди долари воена опрема што Америка и ги испрати на Украина требаше преку океан во бродови да биде префрлена од Америка во Европа. Само најголемиот превозник на Пентагон, до сега има префрлено опрема со површина од 460.000 метри квадратни.

Проширувањето на ЕУ би чинело 250 милијарди евра

Ако Европската унија сака да се прошири со девет нови членки колку што има аспиранти, тоа би чинело 250 милијарди евра, покажуваат нивните внатрешни пресметки. Огромен дел од тоа би одело за Украина. Овој еса значи дека актуелните членки на ЕУ ќе треба да плаќаат повеќе а да примаат помалку. А кој сака така?

Кина реши да ги прибере дома сите панди од Америка

До декември трите панди кои живеат во зоолошката во Вашингтон ќе мора да бидат вратени во Кина, откако Пекинг одби да го продолжи 3-годишниот договор за нивно останување во САД. До крајот на следната година истото ќе се случи со сите панди кои моментално живеат во американските зоолошки градини.

Кина почнала да се меша во глобални медиуми и тоа не и се допаѓа на Америка

Кина ги манипулира глобалните медиуми преку цензурирање, собирање податоци и тајно купување на странски медиуми, предупредуваат САД, глобалниот столб на немешање во странски медиуми.

Првиот генерал на Канада не се извинува за аплаузот за нацистот

Меѓу обредните церемонии на јавно покајание кои канадскиот државен врв ревносно ги изведе поради стоечкиот аплауз во парламентот за 98 годишниот Јарослав Хунка, член на озлогласената 14-та Вафен СС дивизија, еден моќен лик од канадската сцена беше видливо отсутен. Првиот генерал во државата.

Америка препишува од војната во Украина

Ако во Втората светска војна палење цигара во ров ноќно време беше речиси сигурна егзекуција од непријателски снајпер, на фронтот во Украина тоа е палење мобилен и врзување на ближната мобилна антена.

Западниот оклоп не е за праќање во Украина

И покрај добронамерноста на Западот и волноста да се испратат најразлични типови на борбени оклопни возила и тенкови за да и се помогне на Украина, истите тие не се компатибилни со типот на војна што се води во Украина.

Шведска покренува војска, ама не за Украина

Кој ќе речеше дека „Шведска, немири, здраво“ навистина ќе стане место во кое насилствата ќе станат толку масовни што премиерот ќе признае дека треба и војската да помогне. Убиства, експлозии, силувања, маала во кои државата не може да стапне... За илустрација, болничари од Брза помош почнале да носат шлемови и панцири. 

Најновата закана за САД е деменцијата

Како што старее американската политичка класа, деменцијата меѓу високите официјални лица на САД почнува да претставува закана за националната безбедност, предупредува првата студија од ваков вид, изведена од тинк-тенк финансиран од Пентагон. Треба да му кажат на Бајден, и онака ќе заборави за две минути.

Дали Абрамс тенковите ќе го сменат фронтот?

Неколку месеци откако германските Леопарди и британските Челенџери пристигнаа во Украина и излегоа на фронтот, во земјата конечно стасаа одамна посакуваните американски Абрамс тенкови. Иако не е најновата верзија, и таа што стигна е еден од најмоќните тенкови на планетава.

Украина со право се откажала од западните тактики

Одлуката на украинската војска да ги напушти западните тактики на масовни напади на руската одбрана и истите да ги замени со операции на мали групи по разни точки на одбраната е сосема на место и им донесе успех на фронтот.

Калининград повторно да биде Кенигсберг, барем на изговор

Германски Билд вонредно заинтересиран за работата на Комитетот за надворешни работи на естонскиот парламент, пренесува за нивниот предлог руската енклава во иднина да биде ословувана по нејзиното германско име.

Руските дронови полни со европски делови

Киев испратил документ од 47 страници до земјите членки на Г7 во кој се тврди дека во изминатите три месеци се извршени над 600 напади само врз украинските градови со помош на дронови кои во себе имаат западна технологија.

Макрон ја турка Европа кон пресметка со Кина тешка 900 милијарди долари

Заради стравот на Франција дека трговските односи со Кина стануваат критична закана за клучните индустрии на земјата, ЕУ започна со сериозни промени со кои се воведуваат построги правила за трговија со Пекинг.