Свет

Што беше тоа на аеродромот во Дагестан

Викендов толпа од стотици жители на Дагестан тргна да линчува сè израелско што ќе начека на авионската писта на аеродромот во Махачкала. За општа среќа никој не им падна во раце.

Зеленски ни е нешто лут

Тајм објави детално интервју со Зеленски и инфо од неговите најблиски соработници во кое се дава увид во промената на неговото расположение, лутината што никој од сојузниците не верува  во победа на Украина и нималку сјајната состојба на војската. Покрај сите оние милијарди долари воена и друга помош од Запад, текстот има поднаслов: „Осамената битка на Владимир Зеленски“.    

Билд до мигрантите: Или прилагодете се или ауфидерзен

Германски Билд објави манифест до дојденците во земјата во кој им се објаснува дека домаќините не мислат да го сменат својот начин на живот само затоа што им дошле гости. Им се порачува дека е важно да го научат јазикот, има и лекции за бонтон. Едни одушевени од декларацијата, други велат дека е ова е лошо напишан но добро сумиран манифест на германскиот расизам. 

Хамас и Нетанјаху се од иста

Да, сакаат тие да го сотрат оној другиот и притоа не прашуваат за цехот, само што со децении меѓу нив постоеше плодна кохабитација. Ваков Израел му требаше на Хамас за да покаже дека умереноста на оние од Западниот брег не врши работа, а Нетанјаху знаеше дека сè додека постои Хамас, ќе има изговор дека нема со кого да прави мир. 

Какви се плановите на Израел за луѓето од Газа?

Кратко кажано: да ги нема. Израелското министерство за разузнавање изготвило таен документ во кој се скицира што треба, во неколку фази да се прави со палестинското население од Газа. Ок, да ги има, само не во Газа, туку во северен Синај. Како оваа идеја ќе ја избегне квалификацијата дека се работи за класично етничко чистење, ваљда попат ќе смислат Американците.   

„Сунѓер бомби“ тајното оружје на Израел за тунелите на Хамас

Веројатно едно од најхуманите оружја што Израел ќе ги употреби во војната против Хамас и нивните тунели ќе бидат „сунѓер бомбите“ чија главна намена ќе биде да ги затнуваат подземните премини што ги користат палестинските борци.

Арапскиот свет ги сака Палестинците, платонски

Арапскиот свет е едногласен во поддршката за своите браќа и сестри во Палестина. Да, ама на зборови. Истите тие после ќе речат, нема да ги отвориме границите и нема да примаме бегалци од Газа. А можеа и претходно да направат нешто за нив, да запнат и да ги извадат од сиромаштија и беда. Парите што му се даваа на Хамас очигледно отидoa за други работи. 

Романија е следна ЕУ главоболка околу Украина

Зеленски го откажа говорот во романскиот парламент бидејќи тамошните опозиционери најавија дека ќе го реметат. А тие водат на анкети и имаат вртоглав пораст на поддршката. Ставот на Орбан е познат а Словачка ја откажа воената помош за Украина па Романија е следниот предизвик за позицијата на ЕУ. Само што Романија е многу поважна.

Прегледување на видеото од нападот на болницата во Газа

Њујорк тајмс седнува и од ново го гледа видеото што израелски и американски високи функционери го наведуваат како клучен доказ дека смртоносната експлозија во болницата Ал-Ахли Араб е дело на залутана палестинска ракета. И не се баш сигурни во официјалната верзија.

Германија води во нејќење црнци во ЕУ

На црнците кои живеат во Европската Унија, третманот не само што не им се подобрува туку им се влошува. Расисмот кон нив е во пораст последниве години е една третина годинава биле мета на некаква расна дискриминација. Освен во Германија и Австрија, каде бројките се двојно поголеми. Плус сиромаштија.

50 израелски заложници веќе се мртви

До сега се убиени околу 50 луѓе од заложниците што Хамас ги киднапираше на 7 октомври, но не од нив туку од израелските воздушни напади на Газа, објавија Ал Касам бригадите на Телеграм. Хамас во нападот киднапираше најмалку 220 израелски државјани.

Хамас: Кабел си е кабел

Ќелијата на Хамас што го организираше најсмртоносниот напад на Израел цели две години успеала да му се скрие на израелското разузнавање комуницирајќи преку мрежа од жичани телефони поставени низ нивните тунели под Газа.

Израел реши да не им даде виза на ОН додека Гутереш не реши да го осуди Хамас

Затоа што Гутереш во својата реакција на Израел му изгледал како да го оправдува бруталниот напад на Хамас, државата одлучи дека ниту еден функционер на Обединетите нации нема да добие виза за да стапне на израелска земја.

Убиството на Дугина и тајната војна на украинските шпиони против Русија

Возило со жена, 12-годишно девојче и мачка во транспортер во јули 2022 од Естонија влегуваат во Русија. Според досега необјавено сведоштво што го пренесува Вашингтон пост, во транспортерот освен мачка има скриено и непознато количество експлозив. Истиот овој експлозив на 20 август 2022 требаше да биде искористен за убивање на Александар Дугин. Наместо него, беше убиена ќерка му, Дарја.

Зошто малиот Нетанјаху уште е во Мајами?

На израелските војници кои волонтираа да се приклучат на војната против Хамас не им е право што синот на премиерот Бенјамин Нетанјаху и понатаму дреме во Мајами.

Инвазијата на Газа ќе биде посмртоносна од американскиот „пекол“ во Фалуџа

Иако се уште една израелска чизма нема стапнато во Газа, американските воени експерти почнаа да ја споредуваат најавуваната израелска инвазија на палестинската населба со пеколните битки што американската војска ги водеше во ирачка Фалуџа.

Ќе ве бомбардираме, не видовте на Фејсбук?

Среде жестоките одмазнички воздушни и артилериски напади на Израел врз Газа, портпаролот на израелските одбранбени објави порака на Фејсбук до жителите на една населба да ги напуштат своите домови додека е време. Не е јасно како луѓето требаше да дознаат за предупредувањето кога таму нема ни интернет, ни струја.

Интересна оставка во Стејт Департментот

Висок службеник на американскиот Стејт департмент кој работеше на глобалните трансфери на оружје поднесе оставка поради своето противење на дополнителната воена помош на Бајден за Израел, во време кога е во војна со Хамас во која масовно гинат цивили, жени и деца. Малку е, ама па...

Што е што и кој е каде?

Палестинците не се само географски раздвоени меѓу појасот Газа, Западниот брег и Источен Ерусалим. Ги дели и долгогодишен судир меѓу умерените Фатах и екстремните Хамас, на кои досега единствената заедничка карактеристика им беше што се длабоко влезени во корупција. Но, сега гневот може да ги обедини Палестинците и да започнa трета Интифада.

Дали демократијата стварно треба да му се радува на Туск?

Владеачката полска партија Право и правда после осум години го губат мнозинството во земјата и се отвора врата новата коалиција да ја предводи центристичката платформа на Доналд Туск, кого го наеме како претстедател на Европскиот совет. Ако демократијата се сфаќа орвеловски, тогаш Туск е демократ. Ако не, тогаш нема голема разлика меѓу него и еден Заев или Маричиќ.

Многу лесно може да избувне втора војна во Европа

Иако и по 20 месеци војната во Украина останува главен фокус на Западот, еден друг дел на Европа кој не е смирен уште од 1990-те би можел да еруптира во секој момент. Делот е нашиот комшилук.

Хамас ја забрза лошата судбина на Украина

Вашингтон ја пушта Украина и Зеленски низ вода а стотици илјади Украинци загинаа верувајќи во ветувањата на Америка дека ќе помагаат „колку што ќе биде потребно.“, смета Ким Дотком (хакер, инвеститор и политички активист).  Тоа „колку што ќе биде потребно“полека се претвора во „колку што ќе можеме“, а процесот го забрзаа компликациите на Блискиот исток.

Како израелската безбедносна машинерија не успеа да го спречи нападот на Хамас

Кратко пред борците на Газа во саботата да упаднат во Израел, израелското разузнавање забележало дека нешто се случува во дел од мрежите на Хамас кои ги следи. Сфаќајќи дека е нешто невообичаено, тие испраќаат аларм до војниците што ја чуваат границата со Газа. Меѓутоа никој не реагира на предупредувањето, или затоа што војниците не го добиле или затоа што не го прочитале.