
Кражбата на ветерот создава големи проблеми за планираните експанзии на ветерниците за да се достигнат целите за „нулта емисија“ на гасови од фосилни горива.
Ветерните централи ги задвижува енергија што се извлекува од струењето на воздухот. Како резултат на тоа, се создавајќи „wake ефект“ - налетот на ветерот зад секоја турбина е побавен, објаснува Петер Баас од холандската компанија за обновлива енергија Вифл.
Кај големите плантажи од ветерници поставени на море, овој ефект се чувствува и до 100 километри во насоката во која дува ветерот. Ако во таа зона има други ветерници, нивната ефикасност за генерирање струја се намалува за повеќе од 10%. Симулација спроведена врз основа на условите во Северно Море покажала дека брзината на ветерот може да се намали и до 20%.
Нова анализа покажува дека Британија ќе мора до 2030 година да постави три пати повеќе ветерници отколку што ги има сега за ги достигне своите цели за „нулта емисија“. Тоа значи поставување илјадници нови турбини на мала површина, што ќе го зголеми негативниот ефект, објаснува Пабло Оро, истражувач по градежно инженерство на Универзитетот во Манчестер.
Компаниите што аплицираат за зелени проекти ќе инсистираат нивните турбини да бидат поставени на подобра позиција. Британски оператори на ветерници во Северно Море и во Ирското Море веќе бараат компензација за „кражба на ветер“.
„Сите досегашни спорови се помеѓу британски компании. Но, што ако утре има спор помеѓу плантажи од различни земји?“, предупредува Оро.
Норвешкиот правник Еирик Финсерас специјализиран за вакви спорови објаснува дека регулативите се штури.
Поимот кражба на ветер тешко може да се дефинира, бидејќи никој не може да украде нешто што не може да се поседува. А сепак, феноменот остава негативни последици, објаснува правникот.
Тој додава дека проблемот може да биде надминат ако не се брза по секоја цена да се декарбонизираат енергетските сектори, на што инсистира Европската Унија.