
Во обид Џо Бајден да остане на сцената во првите сто дена од претседателскиот мандат на Доналд Трамп, ангажиран бил Крис Мегер, негов поранешен заменик-секретар за печат и портпарол на Министерството за одбрана.
Тој потег е критичен за наследството на Бајден. Администрацијата на Трамп планира да ја објави снимката од неговото интервју со Роберт Хур, специјалниот советник кој го истражуваше ракувањето на Бајден со доверливите документи и покрена прашања за неговата ментална состојба.
Транскриптите беа објавени одамна, но сојузниците на Бајден стравуваат дека аудиото би можело да го користат републиканците во обид дополнително да му наштетат на неговото наследство.
Бајден лани го блокираше објавувањето на снимките. Министерството за правда тоа го оправда со потенцијален ефект на заплашување сведоци што соработуваат во истраги од висок профил.
Појавувањето на Бајден во интервјуто за The View е темпирано да биде по стоте дена од вториот мандат на Трамп, период во кој поранешните претседатели обично се воздржуваат да ги критикуваат своите претходници.
Приврзаниците на Бајден, исто така, стравуваат и од содржината на нова книга „Првичен грев“ од новинарите Џејк Тапер и Алекс Томпсон, која се најавува како инсајдерски поглед за одлуката на Бајден да се кандидира и покрај доказите за неговото сериозно влошување на капацитетите, и на очајни напорите да го скрие тоа од јавноста.