Свет

Во Австрија Јехова не може да биде убер алес

Австрија му го одзеде државјанството на Украинец што ги исполнил сите услови за да добие пасош, освен еден – да ја отпее националната химна. Суд ги отфрлил неговите аргументи дека како следбеник на христијанскиот ред Јеховини сведоци, за него пеењето химна бил неприфатлив „чин на богослужба“, а ѝ не сакал да ѝ се заколне на верност на татковината, како што налага текстот. 

Ирска ја откопува мачната вистина за стотиците бебиња од Туам

Форензичари и археолози од целиот свет од денеска со големо внимание ќе почнат да ја откопуваат вистината за една од најголемите дамки во историјата на Ирска. Ќе ги ексхумираат останките на речиси 800 бебиња што починале во мистериозни околности во католичко прифатилиште за млади жени. Државата ги охрабрила и четири децении ги криела злосторствата на калуѓерките.

Франција ја призна Нова Каледонија за држава

Малата пацифичка француска колонија Нова Каледонија, десет часовни зони далеку од Париз се избори да биде „држава“. За да биде целосно независна ќе почека и ќе мора да помине низ долга процедура гласања. Француските колонијалисти не се откажуваат од територијата со едвај четвртина милион жители и огромни резерви на никел, но по ланскионт масовен бунт немаа голем избор.

Со далечинско од среде џунгла носат кокаин по светот

Колумбиската морнарица улови невообичаен плен - мала автономна полуподморница со капацитет да носи товар од 1,5 тон. Во неа немало ни луѓе ни стока, но морнарицата е убедена дека ѝ припаѓа на најголемиот кокаински наркокартел. Ја пресретнале во карписки води, каде што ја тестирале дали може да стаса до пазарите во САД или Европа, кои трошат кокаин како никогаш досега.

Дроновите повеќе не се непобедливи

Беспилотните летала оставија крвав тактички печат во војната во Украина. Од маргинални алатки за извидувања станаа доминантни убијци од кои стрепат и војниците на фронтот и цивилите од Киев до Москва. Главната предност на дроновите е кога се користат во роеви, но не се непобедливи. Брзо беа развиени контрасистеми кои го затворија прозорецот на нивната доминација. 

Грчки агент ги криел врските на ЦИА со атентатот врз ЏФК

Речиси 62 години по убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, нови документи покажуваат дека агент на ЦИА имал директни контакти со атентаторот Ли Харви Освалд и, уште полошо, дека ЦИА пред Конгресот систематски ја криела својата улога во атентатот со лажни сведочења и прикривање документи. Тоа покренува сериозни прашања за сите досегашни истраги.

Криминалот во Германија има странско потекло

Германските власти не објавуваат дали лицата осомничени за криминал имаат странско потекло, но опозициската АфД по парламентарна истрага сепак стигна до загрижувачка официјална статистика. Младите Алжирци во Германија, на пример, 56 пати почесто се осомничени за криминални дела во споредба со нивните германски врсници. Реалната разлика е многу поизразена.

Прогонот на Франческа Албанезе

Кога ќе се пишува историјата на геноцидот во Газа, една од најхрабрите и најгласните застапници за правда и почитување на меѓународното право ќе биде Франческа Албанезе, специјалната известувачка на ОН, чија канцеларија е задолжена за следење и известување за кршењата на човековите права што Израел ги врши против Палестинците. САД штотуку ја натоварија со санкции.

Грок забега во нацисти

Четботот Грок за само неколку дена му направи поголема штета на Илон Маск од сите закани што ги доби од претседателот Доналд Трамп. По надградувањето и бришењето на воук-филтрите, алатката со вештачка интелигенција почна да го фали Третиот рајх, се нарече „МехаХитлер“, го пцуеше Ердоган и го навреди Туск. Маск се извини, но Турција веќе го блокира пристапот до Икс, а директорката на платформата даде оставка.

Европа претера со ограничувањето на говорот

За разлика од САД, каде што Првиот амандман забранува какво било загрозување на слободата на говорот, лабаво дефинираните европски закони за говор на омраза и подемот на социјалните медиуми создадоа плодна почва за апсења и казни. Луѓе и особено политичари се пријавуваат за жртви на омраза без да обезбедат докази. Полицијата ги гони обвинетите и сурово ги казнува.

Американското оружје, најдобро другарче на авганистанскиот џихад

Откако во летото 2021 година САД и сојузниците од НАТО хаотично се повлекоа од Авганистан, им предадоа на талибанците планина од оружје и воена опрема. Со тоа оружје масовно се тргува. Ги поднови Ал каеда и Исламска држава, па и џихадисти пошироко од Балуџистан до Кашмир. САД не можат, а се чини не ни сакаат да спречат тоа оружје еден ден да биде свртено против Американците.

Прескапи им биле сирените што ќе спасеа десетици деца

Дваесет и осумте деца и стотината луѓе што загинаа во поплавите во Тексас, не се жртви само на поројните дождови и надојдените реки, туку и на згрозувачката неодговорност на окружните власти. Со години отфрлале да се инсталираат системи за предупредување и тревога во камповите за деца во критичниот регион со кобно име Долина на поплави. Сирените чинеле по 1.000 долари.

Нови олигарси на Зеленски профитираат од војната

Дури и пред војната, Украина беше општо признаена како една од најкорумпираните во Европа. Откако почнаа битките, десетиците милијарди евра што се долеваат како помош уште повеќе ја засилија корупцијата. Швајцарски весник опишува како се збогатиле клика олигарси, најчесто преку зделки што им ги овозможил претседателот Зеленски. Мирот може да биде уште попрофитабилен.

Како тргнало, можеби Епстин воопшто не постоел

Администрацијата на Трамп најави дека ќе ги објави списокот клиенти на сексуалниот предатор Џефри Епстин и вистината за неговата смрт, но сега соопшти дека таков список немало и дека тој се самоубил. Шокирана од пресвртот, јавноста реагира дека властите решиле да ја прикријат вмешаноста на врвни ѕверки од светската политичка и естрадна елита во мрежата на Епстин.

Кина гради империја на податоци

Пекинг ги смета податоците како основен фактор за производство, изедначувајќи ги со работната сила, капиталот и земјиштето. Со зацврстување на контролата врз базите, Големиот кинески Брат ќе има целосен увид во животот и навиките на граѓаните, бизнисот и владините служби. Со тој океан од информации во исто време ќе се хранат и тренираат моделите со вештачка интелигенција.

Нобел за Трамп, логор за Палестинците

Додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон го предложи Доналд Трамп за Нобелова награда за мир и дискутира за прекин на огнот со Хамас, неговиот министер за одбрана објасни за каков „мир“ се работи. Палестинците од Газа треба да бидат концентрирани во „логор“ во Рафа од кој нема да може да излезат до времето кога ќе треба да бидат депортирани.

И Блер вмешал прсти во Ривиерата на Трамп во Газа

Институтот на Тони Блер го искористил неговото влијание како поранешен државник за да се вклучи во процесите во Газа, ама не за да го запре геноцидот, туку за повоената изградба на златната ривиера што таму ја гледа Трамп. Војната, во која беа убиени десетици илјади луѓе, „создала можност што се отвора еднаш во векот за обнова на Газа“, се наведува во документите.

Мнозинството во САД е за депортации

Спротивно на мислењето на либералите, низа анкети покажуваат дека мнозинството Американци ја поддржуваат депортацијата на сите имигранти што нелегално престојуваат во САД. Сите дојденци не се криминалци, но бандити и шверцери ги злоупотребуваат отворените граници. Загрозени се чувствуваат и легалните мигранти, кои поминале мачни процедури за да се интегрираат.

Студената војна беше поевтина

Повеќето членоки на Северноатлантската алијанса сега ќе инвестираат поголем дел од својот БДП во војска отколку што инвестирале, на пример, во 1970 година, за време на Студената војна, пред детантот, односно ублажувањето на тензиите меѓу суперсилите, што го договорија Никсон и Брежњев. За победа над моќниот Советски Сојуз им требале помалку пари отколку за парирање на денешна Русија, која е само сенка на СССР.

ЕУ ќе прави залихи за преживување

Наведувајќи ранливост од напади и кризи, Брисел планира да создаде големи европски резерви од основни производи и стратегиски материјали за случаи на воен напад, саботажа или природна катастрофа. Ги повикува членките да складираат се, од храна и лекови, па до ретки минерали и алати за поправка кабли. Граѓаните уште во март беа повикани да направат залихи за најмалку три дена.

Израел е решен да ги истреби и новинарите кои го документираат геноцидот

Израелските сили од октомври 2023 година убија близу 60.000 Палестинци во Газа. Уште безброј се заробени под урнатините, умираат од глад или биле застрелани додека чекале храна. Паралелно со крвопролевањето, забранети се меѓународни медиуми и се води системска кампања за истребување на оние што останаа да го документираат и да го разоткријат геноцидот во Газа и Западниот Брег.

Етиопија и Египет се тепаат за Нил

Од Азија преку Европа и Блискиот Исток до Америка се водат спорови, конфликти и војни за пристап до вода. Русите ја разнесоа браната Каховка во Украина. Индија ја запре реката Ченаб како притисок врз Пакистан. Се пречкаа Тексас и Мексико. Израел ја дозира водата за Западниот Брег. Новиот случај е етиопската мегабрана на Нил, која Египет ја смета за егзистенцијална закана.

Европската младина губи верба во демократијата

Едвај нешто повеќе од половината млади во Европа се уште веруваат дека демократијата е најдобрата форма на владеење. Една петтина би прифатиле автократска власт. Мнозинството е убедено дека Европската Унија премногу се занимава со тривијални прашања, како климатската агенда, наместо да се посвети на суштинското - да обезбеди поквалитетен живот, безбедност и економски раст.

Стаса време за депортирање Сиријци од Европа

Австрија објави дека ќе го депортира во матичната земја првиот сириски мигрант. Тоа со огромен интерес го следат другите европски земји, кои во изминатите години примија речиси 1,7 милион Сиријци, а не можеа да ги депортираат ни криминалците меѓу нив, зашто беа заштитени како бегалци. Сега се смета дека не се под закана, бидејќи е соборен режимот на Асад од кој побегнаа.