Свет

Бајден ќе вработува менаџер за мемиња

Ненамерно потврдувајќи го мемето „левицата не знае да прави мемиња“, кампањата за реизбор на американскиот претседател Џо Бајден отвори работна позиција менаџер за мемиња со плата од 85.000 долари.

Риши Сунак ќе враќа задолжително служење војска

Секој 18-годишен тинејџер во Британија во иднина да може да бира меѓу служење во вооружените сили на земјата или извршување на задачи корисни на заедницата, како дел од планот на Сунак за создавање на „обновено чувство на гордост“ во Британија.

Столтенберг навива Украина да почне да гаѓа во Русија

Вообичаено внимателениот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за Економист го прозва својот најголем спонзор, САД, да се охрабри и да дозволи нивното оружје да биде употребено за удари на руска територија.

На Путин му прекипе?

Во неделите пред и по смената на долгогодишниот руски министер за одбрана, ФСБ се активираше и направи неколку апсења на сериозно високи воени функционери по основа на баснословна корупција.

Овие почнаа да се напнуваат

Изминативе месеци меѓу Германците (оригиналот) почна се попопуларен да станува слоганот „Германија на Германците, странци надвор“ придружен со некоја техно музика. Ова прилично се толерираше се додека деновиве не се прошири клип како истата се пее во едно од најлуксузните германски одморалишта.

Трошоците за Украина не е лесно да им се објаснат на гласачите

Владите на западните земји се соочуваат со финансиски проблеми па некои најавуваат поголеми даноци и намалување на издатоците за јавниот сектор, за да можат да ги финансираат зголемените воени трошоци кои ги прави војната во Украина. Воинствените кругови се задоволни што се доаѓа блиску до посакуваните 2% од БДП, па веќе се мерка нова цел- три посто.

На Хантер Бајден нема кој да му ги плати адвокатите

Само еден месец од почетокот на неговото прво судење, Хантер Бајден е на пат да изгуби еден од главните финансиери на својата одбрана затоа што и нему му снемало пари.

Претседателот загина, ајатолахот има рак

Вистинскиот лидер на Иран, врховниот водач Али Хаменеи е стар, болен и се бори со рак од простата. Познавачите тврдеа дека него требаше да го замени претседателот Ебрахим Раиси. Ама, како што знаеме, тој се качи во хеликоптер. Неизвесно е кој ќе ја пополни и новата дупка и онаа која се чека да биде создадена. Во игра е синот на Хаменеи.

Нова Каледонија се крена против францускиот колонијализам

Една од последните француски колонии, по ново „територии“, Нова Каледонија, се крена на востание против француските власти откако Париз одлучи да воведе нови правила за гласање кои локалците ги сметаат за нарушување на нивниот глас.

Цивилните жртви на американскиот анти-тероризам

Кон крајот на февруари оваа година, официјалната војска на Буркина Фасо има убиено преку 220 цивили од кои 56 биле деца, во две села на северот на земјата. Знае Африка да биде брутална. Меѓутоа, ова е армија чии офицери се обучувани од американската војска. И згора на сè, даскалите уште се таму, да не им затребаат на учениците дополнителни часови.

Белоусов, човекот што треба да ја добие Украина

Изненадната смена на Сергеј Шојгу од страна на Путин у поставувањето на Андреј Белоусов на неговата позиција потсети на веќе подзаборавениот советскиот стил на владеење, пишува Њујорк тајмс.

Усул бе друже цариник

Либиските власти, во целиот тој хаос и војна што уште трае во земјата, уапсија двајца високи функционери од царина кои се обиделе да прошверцуваат над 26 тони злато од земјата.

Украина доби ракети, сега бара дозвола да рока по Русија со нив

Притисокот што сега доаѓа од Киев кон администрацијата на Бајден е да се повлече забраната за користење на американско оружје за напади на руска територија, бидејќи оваа забрана ги спречува да ги нападнат руските позиции од каде се подготвува офанзивата кон Харков.

Како една пукнатина во украинските редови го отвори патот за руската армија

Кога руските војници изненадно се појавија во малото гратче Очеретине на истокот од Украина, беше јасно дека се случила некоја страшна грешка, пишува Њујорк тајмс.

На северот од Украина од тешко стана потешко

Рускиот упад на североистокот од земјата и неочекувано успешното напредување дополнително ги растегна и истенчи украинските редови кои имаат минимални резерви на луѓе и оружје, алармира првиот човек на украинското воено разузнавање Кирило Буданов.

Зеленски не е Черчил, а Украина е корумпирана

Поранешниот прв човек на кампањата за Брегзит, Доминик Камингс, порачал дека Западот згрешил (употребувајќи еден многу посочен збор) со тоа што решил да ја поддржи Украина.

Сан Франциско од државни пари купува вотка за бездомници

Градот има одвоено 5 милиони долари годишно од парите на даночните обврзници за купување алкохол за бездомниците алкохоличари што живеат на неговите улици.

Крволочниот сенатор бара Газа да биде Хирошима

Споредувајќи ја израелската војна против Газа со атомскитe бомбардирања на Јапонија за време на Втората светска војна, американскиот сенатор Линдзи Греам рече дека Израел има право да направи сè што ќе процени дека треба да направи. А Вашинтон да помогне со материјалот, тоест со бомбите.

Од блиску покажи колку ја сакаш Газа

Републикански конгресмени предложија нов закон според кој секој што е обвинет за нелегални активности за време на колеџ протестите за поддршка на Газа ќе биде на шест месеци испратен во Газа.

Путин го смени Шојгу

Рускиот претседател го објави составот на новата руска влада, а на списокот го немаше вечниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу.

На Палестинците им викаа да бегаат на југ, сега и југот се бомбардира

Рафа е град на самиот југ на Газа (понатаму не може бидејќи е граница) во кој пред војната живееја околу 170.000 луѓе. А потоа таму се сјатија околу милион палестински бегалци, засолнувајќи се од израелските уништувања посеверно во појасот. На крај, Израел им кажа, тргајте се од Рафа, ќе маваме. И за да покаже дека не блефира, стварно почна да мава.

Трамп планира егзекуции на мексикански нарко-босови во Мексико

Доколку се врати во Белата куќа Доналд Трамп има намера тајно да испрати американски специјални сили во Мексико со единствена мисија да ги убиваат лидерите на тамошните нарко-картели, а желбата е е оваа операција да започне веднаш по неговото влегување во Белата куќа.

Италијанската војска почна војна против диви свињи

Единици на италијанската армија се распоредени низ земјата во одбрана на тамошната популација на домашни свињи од заканата од ширење на африканска свинска треска од дивите свињи.

На Роберт Кенеди му фали мал дел од мозокот

Независниот претседателски кандидат останал без дел од мозокот кој му бил изеден од црв со кој се заразил на времето дур терал најразлични тури за заштита на животната средина во различни краишта низ светот.