Иако нешто од стомак ни вели дека и самото судење е одвишен луксуз за еден таков монструм, утеха е што процесот не се одвива онака како што Брејвик замислуваше, со себе како главна ѕвезда во шоуто. Претставата му ја расипа една извонредна обвинителка.
Затоа што до толку била раширена корупцијата во земјата, Чесите решија да воведат "Сафари на корупцијата" низ Прага. Они се 57-мо во свет, ние на 69-то.
Џејмс Камерон и првите луѓе на Гугл се меѓу основачите на една мистериозна компанија за која се претпоставува дека ќе работи на вадење руда од - астероиди.
Американската Тајна служба до сега изгуби тројца агенти заради проститутка од Колумбија. Ништо смртоносно, едниот даде отказ, вториот го пензионираа, третиот ќе го отпуштат. Еве што има да каже 24-годишната ескорт девојка што ги прати агентите во пензија.
Кинеските Oлимпијци престанаа да јадат месо на неколку месеци пред Олимпијадата, затоа што не сакаат тие да одговараат за стероидите што ги земале говедата.
Тоа што Пипа мавташе со пиштол (инаку пластичен) сред Париз на крај ќе излезе најмал проблем за балдзата на принц Вилијам. Oна што ќе треба да го објасни е журката, џуџињата и стриптизетите пред тоа.
Заради лошо управување со природните ресурси во владина сопственост, американските власти ќе им исплатат оштета од над 1 милијарда долари на индијанските племиња.
Недела на Северна Кореја и се случија два пропуста. Прво ракетата што требаше да прави зулум по Азија воопшто не им се лансираше, второ автобус со западни новинари сврте на погрешна кривина.
Група центуриони, облечени во црвени здолништа, туники, оклоп, мачови и шлемови со пердуви се креваат на бунт пред римскиот Колосеум. Во 2012-та. Против Министерството за култура.
12 агенти од обезбедувањето на Обама во Колумбија се вратени назад во САД, заради причини кои многу потешко ќе ги објаснат дома пред жените, отколку кај шефот.
Авиокомпанија од Санта Моника, воведува услуга која ќе им овозможи неограничен број летови на патниците за одреден месечен паушал, нешто како месечна карта за автобус, само што е за летање.
Најголемиот број од луѓето што живеат во САД потекнуваат од европски eмигранти кои се преселиле таму меѓу 17-от и средината на 20-от век. Кинезите, Индијците и слично масoвни народи ги нема ни во првите 12.
Откако го одбранил своето семејство од 4-ца вооружени ограбувачи, 52-годишен Русин сега ќе треба да се одбрани пред суд дека не претерал кога убил тројца од напаѓачите.
Преку пулените на продукцијата Vivid, порно индустријата го возвраќа ударот на најавите на Рик Санторум. Се вклучуваме во политичката дебата, крајно навивачки и необјективно расположени. Ели Хејз и Шанел Престон? Санторум, откажи се. @wankout 2012
Аризона е американска држава која има убедливо најбрутален затворски систем во САД. Последниот извештај на Амнести Интернационал откри ригорозни практики во занданите на Аризона.
Додека се повеќе производи се промовираат како "зелени" и се повеќе активисти го промовираат еколошкиот начин на живот, на се повеќе луѓе им е смачено да тераат на зелено.