12. Швеѓани - 4.088.555
За време на 19-от век голем дел од Швеѓаните емигрираат во САД заради економски причини. Од 1851-ва до 1930-та, над 1,2 милиони Швеѓани пребегнуваат преку Атлантикот, сместувајќи се во Средниот Запад. Кон крајот на векот, се повеќе Швеѓани се преселуваат кон урбаните центри во потрага по работа во некоја од индустриите.
Денес во Минесота живее најголемата колонија на Швеѓани во САД.
11. Норвежани - 4.470.081
Норвешката емиграција го достигнува врвот кон крајот на 19-от и првата деценија на 20-от век. Меѓу 1880-та и 1893-та, Норвежаните се вторите по бројност емигранти во САД. Пред нив се само Ирците. Историски, Норвежаните се населуваат во Минесота, западен Висконсин, северна Ајова и во Северна и Јужна Дакота.
10. Холанѓани - 4.645.906
Њујорк (оригинално Њу Амстердам) е основан од холандски доселеници во почетокот на 17-от век. Иако холандската емиграција стивнува во 18-от век, нов бран на Холанѓани се доселуваат во САД по Втората светска војна. Денес Холанѓаните се концентрирани во неколку окрузи во Мичиген и Охајо. Голем број од доселениците живеат во Калифорнија, Њујорк и Пенсилванија. Меѓу познатите американци со холандско потекло се Томас Едисон, Волт Витман и Теодор Рузвелт.
9. Шкоти - 5.460.679
Во 19-от век повеќе од 1 милион Шкоти заминуваат за САД, каде најголемиот број наоѓаат работа во бродската индустрија. Шкотските доселеници продолжуваат да доаѓаат во текот на 20-те години од минатиот век, откако во Шкотска се влошуваат економските услови. Калифорнија, Флорида, Тексас, Њујорк и Мичиген се главните центри на шкотската дијаспора.
8. Французи - 8.761.677
Историски бројот на доселеници на од Франција е помал од другите европски нации. Бројките се помали и заради тоа што тие во американскиот попис тие се делат и на Канаѓани со француско потекло или Акадијци.
7. Полјаци - 9.569.207
Американците со полско потекло се најголемата словенска група во САД и тие се едни од првите доселеници во Новиот свет. Имиграцијата го достигнува врвот меѓу средината на 19-от век и Првата светска војна, кога повеќе 2,5 милиони Полјаци стигаат во САД. Во потрага по работа тие се населуваат во индустриските центри како Њујорк, Бафало, Детроит, Кливленд, Милвоки и Чикаго.
6. Италијанци - 17.250.211
Меѓу 1880-та и 1920-та над 4 милиони италијански емигранти, од кои најголемиот дел селани од јужна Италија, пристигнуваат во САД. Имигрантите формираат "мали Италии" во голем број градови на североисток на земјата. Како што напредуваат овие заедници, така и италијанската храна, музика и забава, влијае на американскиот живот и култура. По Втората светска војна следува втор бран на емигранти од Италија.
5. Американци - 19.975.875
Најголем број од луѓето кои се со потекло од неколку европски земји или знаат само дел од своето потекло, се пријавуваат како "Американци." Бројот на луѓе кои себе си се пишале како "Американци," речиси е за два пати зголемен од 1990-та, кога во оваа група се пријавиле 12,4 милиони луѓе. Во 2000-та најмногу Американци имало во Арканзас, Тенеси, Кентаки и Западна Вирџинија.
4. Англичани - 25.927.345
Најголемиот број од Американците со англиско потекло живеат на северозападниот или западниот дел од САД. Бројот на Англичани е намален за речиси 20 милиони во споредба со пописот од 1980-та, пред за затоа што се повеќе луѓе се изјасниле за Американци. Калифорнија ја има најголемата популација на Англичани.
3. Мексиканци - 32.929.683
Меѓу 1990-та и 2000-та за два пати е зголемен бројот на луѓе кои пријавиле дека се од мексиканско потекло. Мексиканското потекло е најчесто пријавувано на југозападот на САД.
2. Ирци - 34.670.009
Големиот глад од 1840-та, предизвикал масовен егзодус од Ирска. Меѓу 1820-та и 1920-та се проценува дека 4,5 милиони Ирци се доселиле во САД, од кој најголемиот дел се сместиле во градови како Њујорк, Бостон, Филаделфија, Чикаго и Сан Франциско.
1. Германци - 47.911.129
Најголемиот бран на Германци се доселува во Америка во средината на 19-от век, поттикнати од граѓанските немири и високата невработеност во Германија. Денес, најголемиот број од американци со германско потекло се сместени во континенталните сојузни држави.
Според пописот од 2010-та, 61.332 жители на САД се изјасниле како Македонци. Инаку, има и 193 илјади Албанци, 95 илјади Бугари, 411 илјади Хрвати, 1,3 милиони Грци, 187 илјади Срби и 327 илјади Југословени.