Сторијата објавена од Асошиејтед прес раскажува за еден сосема поинаков Пјонгјанг од она што го прикажуваат властите.
"Имаше продавници без светла. Споредни патишта кои беа толку уништени што имаа повеќе земја отколку асфалт," пишува новинарот Тим Саливен кој учествувал во неочекуваното скршнување.
Земјена патека која води до станбениот комплекс е слика која никогаш ја нема видено ниту ни еден странски новинар.
"Ова е контраст на едноличните но беспрекорни улици во Пјонгјанг кои обично им се покажуваат на новинарите," објаснува Саливен.
Најголем дел од странските посетители никогаш не среќаваат дупка на патот, сообраќајна гужва или ѓубре на улица поголемо од отпушок од цигари. Никаде не гледаш луѓе со хендикеп или графити.