Веќе 40 дена речиси 200 Oлимпијци немаат пробано свинско, говедско и јагнешко, а наместо тоа конзумираат протеин во прав и риба за да го надоместат недостатокот на белковини.
Главна причина за ова е користењето на кленбутерол во одгледувањето на стоката. Иако е забранет, голем број одгледувачи ја додаваат состојката за говедата побрзо да пораснат и да добијат на маса.
"Одговорните воведоа итна забрана за јадење свинско, телешко и јагнешко која важи за сите спортисти. Кога вечераме во ресторан, дозволено ни е да јадеме само риба и пилешко," напиша на својот блог Хуанг Венји, која на Олимпијадата ќе се натпреварува во веслање во двојки.
Во 2010-та на Тонг Венг и беше одземен златниот медал во џудо од 2008-ма, откако тестот за кленбутерол бил позитивен.