Веста доаѓа од Technology Review на МИТ, кои пишуваат за новата компанија по име Planetary Resources, чија мисија е "создавање на нова индустрија и нова дефиниција за 'природни ресурси.'"
Во првото соопштение за јавноста, од компанијата тврдат дека ќе направат "преклопување на два критични сектори - истражување на вселената и природните ресурси, со што ќе додадат трилиони долари на глобалниот БДП."
Од Technology Review шпекулираат дека компанијата ќе се занимава со ископување руда од астероиди, бидејќи кој било друг природен ресурс што ни треба, тешко би можел во скоро време да биде откриен во вселената.
Како поткрепа за ова е и што прв човек на целата операција е Питер Диамандис, кој во 2005-та на ТЕД конференцијата зборуваше за вонземска околина во која "сето она што ние го сметаме дека е вредно на оваа планета - метали, минерали и енергија - го има во неограничени количини." Тогаш тој посебно го истакна искористувањето на астероиди.
Останатите тројца членови на компанијата се претприемачот Ерик Андерсон кој до сега е поврзуван со вселенскиот туризам, астронаутот Том Џонс и поранешниот директор на мисии на НАСА Крис Левицки.
До сега поддршка на компанијата и дале основачите на Гугл Лари Пејџ и Сергеј Брин, режисерот Џејмс Камерон и синот на некогашниот претседателски кандидат Рос Перот.
Јавната промоција на компанијата е закажана за 24 април.