Двете фотографи кои го креираа мемето се направени во воениот авион Ц17, со кој Хилари во октомври леташе за Триполи. Фотографиите се на фото-репортерите на Ројтерс и Тајм.
Кога тие прв пат беа објавени, Хилари доби лоши коментари, дека изгледа уморно и преработено. На страна сеирскиот дел, ова меме успеа да ја рехабилитира Хилари и да и даде вистинско светло на нејзината решителност и немилосрдност.
Пред 4 години, Хилари беше исмевана како пресметлива и еднолична, посебно во споредба со младиот и жесток Барак Обама и релативно новата Сара Палин. Сега нејзиниот имиџ доби неочекувана помош од интернет шега.
"Ова е повеќе од само подобрување на имиџот. Клинтон доживува вистинска ренесанса. Пред 4 години нејзиниот студен и бездушен стил беше една од нејзините најголеми слабости. Сега луѓето го почитуваат тоа," пишува новинарот на Talking Points Memo, Бенџи Сарлин.
Слично мислење има и еден од авторите на Политико.
"Во ова меме се работи за почит. Додека на Обама, Бајден и Гејтс им побеле косата во изминатите години и го губат ентузијазмот, Клинтон доживеа ренесанса и сега изгледа помоќна и по сталожена од кога и да е," објаснува Дилан Бајерс.
Дел од монтажите: